18.11.2022
Винарија Тристо: Идеална винска дестинација за вашиот следен тим-билдинг
Винарија Тристо: Идеална винска дестинација за вашиот следен тим-билдинг
На платформата Кајак.мк ќе најдете еден куп предлог места кои може да ги вклучите во вашите тим-билдинг агенди. Довербата на Кајак.мк расте пред се поради фактот дека ние дирекно ве конектираме со домаќините, сопствениците, винарите и луѓето кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на тризмот.

Денеска сакаме да ве запознаеме со уште една мала микро-винарија која има годишно производство од 15.000 до 20.000 шишиња вино, а за која домаќините на винаријата велат дека е отворена како хоби, отколку да има таргет за некој константен раст и освојување нови пазари.

Меѓутоа, Кајак.мк за винарија Тристо, може да сподели со вас информација дека е идеално место за организирање еднодневни тим-билдинг вински дегустации. Винаријата Тристо денеска произведува 4 вида на вино и две пенливи вина. Видовите на вино се: Тристо Шардоне, кое се произведува и во барикирана форма, Тристо Каберне совињон барик, Тристо Розе и Тристо куве. Карактеристично за сите вина е што се произведуваат од сопствено грозје.

Исто така, Винарија Тристо произведува и две
пенливи вина и тоа бело и розе пенливо вино, кои исто така се произведуваат од
сопствено грозје.
Винарија Тристо постои од 2007 година, а во склоп
на винаријата има дегустациска сала која е со капацитет до 40 лица. Винаријата
често знае да организира вински тури и дегустации кои се спроведуваат на
принцип со претходно закажување.
Доколку сте заинтересирани да стапите во контакт
со винаријата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.