04.03.2020
Места кои нема да ги посетите
Места кои нема да ги посетите
1. Mezhgorye е град во Русија во кој наводно живеат луѓе кои работат на таен воен проект на блиската планина Yamantaw. САД се сомневаа дека станува збор за огромен бункер, но владата на Русија дава различни одговори. Можно е да станува збор за рудник, тајна скривница на руско богатство, складиште за храна или вода.
2. Тајната ватиканска архива всушност не е тајна. Можете да ги погледнете документите кои се постари од 75 години, но за да влезете потребно е да доставите барање. Се претпоставува дека полиците се долги 84 километри.
3. Постои популарно верување дека Дизниленд има дозвола за точење алкохол по службеното затворање на паркот кога се случува вистинската забава. Постои едно место во Дизниленд каде можете да пиете алкохол секогаш, а тоа е Club 33 на плоштадот во Њу Орлеанс. За да станете негов член мора да платите $30.000 долари и да се запишете на листата на чекање од 14 години.

4. Московскиот Метро-2 е паралелна подземна железница во склоп на московското метро. Овој таен подземен лавиринт направен е уште од времето на Сталин под тајното име D-6, а за него информации имале само KGB. Наводно постојат 4 линии на длабочина од 50 до 200 метри, но постоењето на овој систем не е потврдено.
5. White’s Gentlemen’s Club е најексклузивниот англиски клуб познат по бизарните кладби. Еднаш се кладеле во 3.000 фунти која капка дожд прва ќе се слизне од прозорот. За жените не е отворен, а мажите можат да станат членови ако ги повика некој од клубот, и само ако имате кралска крв или сте моќен политичар или уметник.
6. Area 51 е популарно име за воена база во Невада која е сместена на таен аеродром и е чувана од бројно обезбедување затоа што се развиле бројни теории за завери.

7. Room 39 е најтајната организација во Северна Кореја. Се шпекулира дека има 10 до 20 сметки во Кина и Швајцарија и се занимава со перење пари и други илегални трансакции. Нејзините членови се врзани со шверц на дрога и оружје.
8. Ise во Јапонија е најсвето место во оваа азиска држава и е посветено на божицата на сонцето Аматерасу. Храмот се руши и гради на секои 20 години. Единствена личност која може да влезе во него е свештеник кој мора да биде член на царско јапонско семејство.
9. Mount Weather Emergency Operations Center е место каде владата на САД и уште неколку одбрани ќе мораат да побегнат за да се спасат од крајот на светот.
10. RAF Menwith Hill е британска воена база со глобална ECHELON шпионска мрежа. Ова место поседува екстензивна сателитска станица која испраќа предупредувања и е опишана како најголема електронска станица за мониторинг на светот.
Преземено од: https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/4176-10-mesta-koi-nikogas-nema-da-gi-posetite
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.