04.11.2020

Започнав да развивам гастрономски туризам во Дојран!

Започнав да развивам гастрономски туризам во Дојран!

Кајак.мк како еко тим кој се стреми да ги раскаже приказните на луѓето во Македонија кои прават мали нешта со огромно значење во развојот на туризмот, ве запознава со Бранко Попов.

Бранко обработува локални маслинки и произведува разни продукти од нив и тоа не било каде, туку во Дојран.

Дојран за нас отсекогаш била гастрономска дестинација, па оттука и приказната на Бранко кој рачно произведува маслиново масло, чај од маслинови лисја, а во денес го нуди и намазот од пастирани маслинки.

Зошто ви го препорачуваме Дојран во зима?

Дојран има сонце во текот на цела година. Денот е одличен за утринско џогирање по стазата која е долж езерото, а во попладневните часови е одличен за апсорбирање на витамин „D“ од сонцето, но и за дегустација на она што расте во околината. За оние кои досега не биле во Дојран и размислуваат како да го поминат викендот покрај езерото, наш совет е да се запознаат со Бранко, кој воедно може да им биде и гастрономски водич.

Дегустирајте го вкусот на Дојран.
За дел од вас името „Танче Маслина“ е познато. Брендот кој стои на чајот од маслинови лисја, а кој бренд е на господинот Попов. Дел од производите можете да ги најдете низ цела земја, но наш совет е да ги набавите од вистинското место, а тоа е Дојран.

Како што ни вели господинот Бранко, за да произведете добра и квалитетна маслинка која ќе биде спакувана во тегла, потребни ви се осум месеци. Бербата започнува некаде во октомври, а потоа следуваат доста процедури се до финалното сервирање на трпеза.

Зошто Кајак.мк ви ја споделува ова приказна?

Затоа што маслинката која тој ја произведува е чиста, еколошка и пред се домашна. Чајот кој ви го препорачуваме да го дегустирате во Дојран (покрај маслиновото масло и намазот) има огромни здравствени бенефиции. Се прави од гранката која не е прскана, и се остава да се суши во темна просторија 40 дена, на максимум 25 степени.

Продуктите може да ги набавите на самиот кеј во Дојран, кои се продаваат на тезгата на чичко Ангел, а Ангел може да го најдете на неговото кафуле на песок наречено „Кааваџилница Тана Паљурска“ каде ќе најдете сонце во текот на цела година. Зимата и не е толку лоша во Дојран, доколку имате добри наочари за сонце. 


Остави Коментар

Коментари

  • Сузана Крстевска

    18.01.2025 14:09

    Здраво, Дали може да се нарача маслиново масло и која Ви е цената. Поздрав

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.