27.10.2020

Кампување на Куршевско Езеро во октомври!

Кампување на Куршевско Езеро во октомври!

Во Македонија може да направите навистина убави фотографии доколку ја сакате природата и знаете како да уживате. Доказ дека нештата кај нас не се претставени на вистински начин е младиот проект my_caping_adventures, кој во изминатиот период со преку својот комби-караван успеа да ја добрата страна на кампувањето. Тие беа во посета на беровскиот регион каде што се направени одлични фотографии. Во текот на месец октомври тие го посети и крушевското езеро, а фотографиите во продолжение говорат на тоа колку е убава есента во Крушево.
Ви го споделуваме интервјуто кое го направивме со нив. 


КАЈАК: Здраво дечки. За многу краток период направивте #бум во нашата држава со нешто што е навистина ново и специфично, а реално на странските пазари кошта многу.Од каде идејата за ваков проект?

Ви благодариме на убавото интро. Уште од пред неколку години почнавме со планинарење и кампување, претежно со шатор, но тоа не беше доволно па така се разви и нашата желба и идеја да направиме нешто со коешто можеме повеќе денови да поминеме во природа и притоа да се чувствуваме удобно, одморено и релаксирано. Како викаат, 'кампингот не е потрошено време, туку инвестирано'.


KAJAK: Како започна сето ова? Која беше главната причина да се решите за нешто кое не е баш секојдневно кај нас?

Главната причина да се одлучиме на ваков чекор е тоа што нема поубаво нешто да поминеш квалитетно време во природа, да посетиш различни места и да се оддалечиш од секојдневието, а со помош на нашето комбе тоа може да си го дозволиме и на повеќе денови. Една од поголемите предности е и тоа што си 'слободен' и не зависиш од тоа дали ќе најдеш смештај на некое прекрасно место. Едноставно ќе отпатуваш таму, се паркираш и го имаш погледот од милион долари бесплатно. А плус кафе и убав поглед одат заедно.

Така да се недевам со ова ќе ја подигнеме свеста кај младите дека освен 'дремење' на интернет и по цел ден пиење кафе по кафулиња, постојат навистина многу поубави работи кои треба да се видат, а за кои е штета ако не се доживеат. Излезете од вашата комфорна зона.

 ПС: Не фрлајте ѓубре насекаде!!!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.