06.12.2021
Вила скриена во букова шума достапна на Кајак
Вила скриена во букова шума достапна на Кајак
Уште една вила која се наоѓа на одлична локација. Регионот на Пехчево е во исчекување на снежната покривка, а особено пределот на Равна Река коe е одлично место за едно уникатно бегство од сите!

Foto: Bojan Angelovski (on goolge)
Среќни сме што се повеќе домаќини се одлучуваат да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк во кој царува едно поразлично движење кое ја дише новата ера на туризмот во Македонија. Среќни сме што се повеќе патувачи се одлучуваат да го честуваат животот преку активен туризам, пешачење, запознавање локални херои и давање поддршка на локалната економија.

Foto: Gjorgji Angelovski (on google)
Затоа денеска ќе
ве запознаеме со домаќинот Александар, кој вели дека неговата вила е место кое
може да ви ги наполни батериите.
За оние кои досега немаат слушнато за „Равна Река“, би сакале да ви споделиме неколку реченици кои ќе ве потикнат да го контактирате Александар и да резервирате престој во неговата вила.

Foto: Bojan Angelovski (on google)
Равна Река е позната по пехчевските водопади кои се наоѓаат на ова поднебје. Областа се наоѓа под самата македонско-бугарска граница кај Ченгино Кале, каде се наоѓаат изворите на реката Брегалница. Посетителите овде може да уживаат во уредените пешачки и велосипедски патеки, а во центарот на населбата се изградени исто така и терени за фудбал, ракомет, одбојка и слично.

Она што го прави
уникатно ова место е буковата шума, во која се наоѓа и вила Александар. Вилата
е оддалечена околу 10 километри од центарот на Пехчево, што значи дека гостите
може да одвојат од своето време и да го посетат градот.
Вилата е идеална
за фамилијарни патници кои сакаат мир, тишина и чист планински воздух.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.