12.12.2023

Еднодневен тим билдинг со час по готвење

Еднодневен тим билдинг со час по готвење

За тимот на Кајак.мк нема нешто поубаво кога групата на која и организираме тим-билдинг е составена од помал број членови, на кои можеме да им посветиме повеќе внимание и можеме да им организираме разни активности, како што е и нашиот „Cooking Class“ кој го организиравме со дел од вработените во СОС ДЕТСКО СЕЛО.


Убав ден со уште поубави луѓе. Домашна атмосфера, домашна храна, домашни пијалоци и домаќински муабети. Вака ни изгледаше нам еден студен ден, поминат во домашна топла атмосфера.

Годините за тоа кога треба да научиме да подготвиме нешто ново за на трпезата, воопшто не се битни, секој учи додека е жив, а ние покрај храната која веќе ја имавме на трпезата, вешто подготвивме домашни банички, како и „Кумановска пита“.


Нашите пријатели од „СОС ДЕТСКО СЕЛО“ на кои веќе втора година по ред им организираме уникатни патувања, велиме дека се луѓе кои најмногу заслужуваат макар и еден ден во годината да појдат некаде на патување. Нивната стресна работа и несекојдневната работна атмосфера која постојано им носи нови предизвици кои живот значат, се наградува со една добра домаќинска трпеза.


Херои-социјални работници, луѓе кои секојдневно бараат нови згрижувачки семејства, а исто така и луѓе кои имаат свои вештини и знаења.


За сите мали групи кои сакаат да искусат еден ваков поинаков тим-билдинг ви стоиме на располагање. Испратете ни барање со пополнување на формуларот со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.