10.09.2021
Вила во Пехчево опколена со природа: Идеална за полнење батерии
Вила во Пехчево опколена со природа: Идеална за полнење батерии
Уморно од обврските преку недела? Можеби сте немале ниту можност да појдете на подолг летен одмор поради работата? Нашиот тим сосема добро Ве разбира, па затоа и се труди да ви ги презентира сите места во Македонија каде ќе имате можност да одморите глава барем на викенд и ќе ги наполните батериите кои ви се на 10 отсто.
Среќни сме што се повеќе домаќини ги отвараат своите врати
од домовите за светот на Кајак.мк и за луѓето кои знаат да го ценат домашниот туризам
и да ги поддржат локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за
развојот на туризмот.
Денеска ќе ве запознаеме со Соња, чија вила River од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Вилата се наоѓа во доста мирен предел на Пехчево, опколена е од три страни со ливаци, а погледот од балкнот на вилата е вперен кон прекрасна борова шума, каде покрај самиот двор на вилата тече Пехчевската река.
Вилата е на 10 минути пеш од центарот на Пехчево, а во
околината на Пехчево има доста работи кои вреди да се посетат.
Овде се Пехчевските водопади до кои има изградено пешачки патеки со дрвени мостови. Вилата се наоѓа на патот кој води до неколку туристички атракции, како Вртена скала, Јудови ливади и Смрдлива вода.
На јужната страна во дворот, која е лоцирана кон реката и шумата (под терасата), има скара, маса со 8 столици и лулашки. На северната страна од дворот (меѓу куќата и патот) исто така има простор за седење на која може да се смести пластична гарнитура за 4 лица. Двата двора имаат осветлување во вечерните часови, така што може да се ужива во романтична атмосфера. Во приквечерните часови од нив се гледа прекрасен залез на сонцето, а во ноќите небото со безброј ѕвезди.
Смрдлива вода (Рѓава чешма) е постојан природен извор во
непосредна близина на Вртена скала, со значителна издашност. Водата од овој
извор има изразена специфична миризба, жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е
кисело горчлив, бидејќи поминува низ железни руди со кои изобилува Буковик. Се
користи за лекување на стомачни заболувања.
Јудови Ливади се наоѓа на околу 2,5 km источно од Пехчево,
во изворишниот дел на потокот Ракавец, на надморска височина од околу 1200
m.
Во Пехчево има велосипедска патека која е долга 10 километри. Таа ги поврзува Пехчево со останатите туристички места. Патеката е маркирана, по неа се поставени табли, патокази, канти за отпадоци, изготвена е мапа, а за потребите на туристите и посетителите обучени се седум локални водичи кои им помагаат во запознавањето на градот Пехчево и локалитетите лоцирани во негова близина.
Доколу сакате повеќе информации за сместувањет, контакт и фотографии, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.