05.05.2021
Ги мотивираме локалните мештани на Берово да го работат тоа кое го наследиле од претците
Ги мотивираме локалните мештани на Берово да го работат тоа кое го наследиле од претците
Ако нашиот тим се стреми кон постојано
изнаоѓање нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во
развојот на туризмот, иста таква мисија има и хотелот „Манастир“ во Берово кој веќе
подолго време го стимулира локалното население.
Драго ние што разменивме по некој лаф со Дина, жената која со нејзиниот татко и Владо се главни виновници кои поттикнале многу локалци да останат во Берово каде ќе продолжат да го работат тоа кое го наследиле.

Дина вели дека од самиот старт на хотелот работат според нивна интуиција која им дава до знаење дека тоа е во полза како за природата така и за локалното население. Уште на почетокот имале желба да создадат туристичка понуда која ќе биде во духот на одрживиот развој. По долги години, хотелот „Манастир“ успеа да изгради голема фамилија од локалното население кој неуморно се грижи за производство на квалитетна и вкусна храна наменета за гостите во хотелот. Покрај храната, мештаните имаат вмешано прсти и надворешниот и внатрешен изглед на хотелот, како и во атракциите кои се им се нудат на гостите.

Хотелот е во одличен етно стил, материјалите и ресурсите се набавени од локалните мајстори и занаетчии. Резбаните лустери се дело на
господинот Слободан, калаџиските тави на Славчо, а гоблените и милињата се од мајка ми и баба, вели Дина.
Она што можеби нам како тим ни е доста драго е фактот дека хотелот вработува локални жители кои најчесто ги обучува за вештините што се потребни за извршување на работните обврски. Со тек на време тие стануваат дел од тимот на „Манастир“, а чиј дух на колегијалност носи голема заслуга за напредокот.

Мора да се истакне дека домашните
специјалитети и пијалоци кои се служат во ресторанот на хотел Манастир, се
подготвени од еколошки и органски намирници одгледувани на беровските ниви и
фарми, како на пример сирењето и буламачот од тетка Весна, жената која скоро две децении соработува со
хотелот. Овде е и препознатливиот беровски компир од с.
Двориште, кое е производство на Ванчо.
За плодовите од околните шуми, како што се шумските јаготки, дивите капини, малини, рибизли и боровинки се грижи вредниот Илчо кој заедно со неговото семејство подготвува домашни сокови и слатка за гостите.

За природниот мед се грижи Ванчо, а за
традиционалните специјалитети кои се подготвуваат во хотелот е виновен Борче
кој знае добро да го искомбинира локалниот планински вргањ и многуте локални зачини и чаеви.
Хотелот Манастир соработува со локални планински водичи, како што се младите ентузијасти Кире и Кате. Менаџментот на хотелот честопати промовира планинарски и планинско- велосипедски тури на гостите се со цел да го надополнат своето слободно време.

Гостите на
хотелот имаат на располагање 25 планински велосипеди со
кои може да го истражуваат
регионот.
За оние кои ќе се одлучат да престојуваат во хотелот, тимот на Кајак.мк им ја препорачува турата која ја организира хотелот, а која вклучува посета на бачилото на дедо Ќиро.

Она што ја прави турата особено интересна е храната која се сервира на
бачилото на дедо Ќиро, а која изобилува со јагнешкото месо, пити, млечни и
градинарски производи кои
тој самиот ги одгледува во околината на бачилото.
Во склоп на турата се посетуваат манастирите,
Св Архангел Михаил кој привлекува внимание со неговата
интересна легенда и работилница за мозаици и Св Богородица Балаклија кој
манастир е познат по работилниците за природна козметика и масла и домашен
манастирски локум.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.