05.07.2022

Престојувајте во ранч на планината Герман

Престојувајте во ранч на планината Герман

Секој од нас има моменти кога сака да побегне на планина, да разговара со локалците кои живеат таму, да јаде домашна храна, да ужива во чистиот воздух и во прекрасниот поглед.

Никогаш не дозволувајте да правите споредба помеѓу морето и планината, бидејќи тоа се сосема две различни страни кои имаат поинакви бенефити.


Денеска ќе ве запознаеме со домаќините од село Станча, прекрасно планинско селце на планината Герман кои ги отворија своите врати за патувачите на Кајак, а во кој дом ќе добиете прекрасно искуство од храна, прошетка во планина, истражување на патеките на дивите животни, хранење на домашни животни и најважно од се е добриот муабет кој можете да го направите со домаќините.

Ранчот има две модерно реновирани соби во кои можете да престојувате. Едната соба е со брачен кревет, а другата има два поединечни кревети.

Во самиот ранч има кози со јариња, крави и телиња, коњи и ждребиња, кокшки, свињи и ред други домашни животни. Она што е важно да потенцираме е фактот дека овие животни се пуштени слободно да шетат во просторно ограден ранч, а оние кои ќе покажат интерес може да јават и коњи или пак да научат како да јават.


На околу 2 километри од сместувањето има стара воденица покрај река каде имате можност домаќините да ви организираат пикник покрај воденицата. Додека тие ви ја подготвуваат питата под вршник која се парира со нивното домашно кисело козјо млеко, вие можете да ловите риба од реката.


Планината ниуи можност за велосипедизам, а има и каде да ги оставите велосипедите. Најблиската соседна куќа е на 2 километри од ранчот, што ви гарантира потполна слобода и уживање во звукот на природата.

Сигурно сте љупопитни за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација? Доколку одговорот е да, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.