14.04.2021

Хотел во Гевгелија со тераса на покривот за пролетен витамин Д

Хотел во Гевгелија со тераса на покривот за пролетен витамин Д

Секој ден носи нови предизвици и треба да бидеме спремни да ги прифатиме и оствариме. Она што ни се нуди не треба да го игнорираме и занемариме. Тимот на Кајак е во постојано истражување и додавање на нови сместувања, без разлика дали станува збор за вила, хотел, мотел, хостел или друг вид на сместување. Нашата цел е да им понудиме на сите патници сместување по свој вкус, бидејќи сите ние припаѓаме на една заедница, а таа е патувачка.


Доколку барате сместување недалеку од планина или езеро кои сакате да ги посетите со автомобил, тогаш хотел SKY е добра опција за вас. Лоциран на 30 км од Дојранско езеро, 1 км од граничниот премин Богородица и на околу 35 километри од ски центарот Кожуф

Доколку сте сместени во овој хотел неопходно е да го посетитие Дојран барем во текот на сезоната. Дојран на пролет е убав и има што да се прави. Прошетајте по кејот, покрај Дојранско езеро, изнајмете педалинка или кајак, посетете ги локалните ресторани кои нудат секогаш свежа риба или пак напијте се кафе во кафулињата покрај езеро.

Исто така препорачуваме да го посетите туристичко место „Смрдлива вода“ каде има минерални извори со мирис кој потсеќа на “расипано јајце”. За водата се верува дека е лековита и токму поради чудниот мирис, ова место го добило името „Смрдлива вода“.


Кога сте веќе овде продолжете го вашето истражување и посетете го ски центарот Кожуф  кој е на 15-20 км од Смрдлива вода. Доколку сте физички способни можете да појдете со велосипед или пак пеш, но доколку сте се уште почетник, ви препорачуваме да појдете со автомобил до одредена точка, па оттаму да продолжете пеш.

Ски центарот моментално е затворен и не е во употреба, но она што ќе ве исполни е чистиот воздух и погледот кон планина.

По сета ова дневна прошетка, се враќате назад во хотелот SKY каде може да направите регенрација на вашето тело во спа центарот.

За вечерата ви ја препорачуваме руфтоп терасата на хотелот, од каде се гледа прекрасното зајдисонце, се осеќа јужниот медитерански воздух кој ве масира додека уживате вкусната храна.

SKY Хотел е нов, модерен и луксузно опремен хотел со пет ѕвезди кој нуди возбудливи и уникатни избори и сигурни сме дека ќе ги задоволи вашите потреби.

Доколку сакате повеќе информации за хотелот, фотографии, како и контакт за резервација, тогаш кликнете ОВДЕ 

Остави Коментар

Коментари

  • Кајак.мк

    14.04.2021 22:49

    Почитуван Златко. Добивте одговор на коментарот на вашиот мејл на профилот. Секое добро, патувајте и чувајте се.

  • Zlatko Nichevski

    14.04.2021 21:36

    Ve molam cena za dvajca, za period 30.04, do 03.05...

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.