13.06.2023

Предлог викенд дестинација: Селско еко-домаќинство во село Рамне

Предлог викенд дестинација: Селско еко-домаќинство во село Рамне

Тимот на Кајак.мк заедно со СКОПСКО продолжуваат со раскажување на приказните на локалните еко-херои кои ја заслужваат поддршка за она кое го работат.

Денеска ве водиме во село Рамне, каде во своето селско дворче ја затекнавме Наташа Неданоска како подготвува домашен мармалад. Наташа е наша локална хероина која веќе подолго време шири позитива преку својата работа и ги едуцира новите генерации како да ја сакаат и негуваат природата.

Домот на Наташа подолго време е дел од светот на Кајак.мк како една прекрасна гастро дестинација која треба да ја посетите.

„Да се биде селско домаќинство само по себе подразбира нудење на своето секојдневие како автентично искуство за гостите кои ќе не посетат. Како фамилија се трудиме да живееме во согласност со екологијата, но и да дејствуваме во тој правец“, со овие зборови го започна Наташа разговорот за Кајак.мк

На самиот пиедестал во нивната домаќинска куќа е традицијата, но најмногу се потпираат на македонската традиционална кујна. Кога храната е во фокусот на сите збиднувања, семејството Неданоски се фокусира на нивното еко-дејствување.


„Угостувајќи луѓе кои сакаат да вкусат најразлична храна подготвена на традиционален начин, под сач, на пирустија, ние сакаме да им зготвиме што е можно повеќе различни рецепти и да ја испромовираме нашата историја преку храната, вели Наташа.


За почит е фактот дека во семејството Неданоски храната никогаш не се фрла! Таа се служи во тепсии, како во минатото, а гостинот си зема онолку колку што смета дека ќе изеде. Она што останува во чиниите е слатка наслада за ловечките кучиња, а трошките одат за пилињата. Лушпите од процесот на приготвување на храната, дел се компостираат, а дел се веднаш вкусна салата за зајците и кокошките. Од корупките на јајцата се прави раствор за цвеќињата, а понекогаш и печен прав за во храната на прасињата, а она што останува по тепсиите во моментот недојадено?- тоа е мезе за случаен минувач, храна за целото пошироко семејство, неколкудневен доручек или ручек.


За да ја подготват храната, се заложуваат за сопствено производство на месо од мини-фармата, а исто така овошјето и зеленчукот потекнуваат од нивната мала бавчичка.

Ваквиот концепт и помага на Наташа да го искористи шталското арско ѓубриво, а од друга страна пак, да не користи вештачки ѓубрива, пестициди и хормони. Гостите често знаат да ги прашат дали имаат органско производство, а одговорот е дека тие органски ја третираат храната која ја одгледуваат за себе, а ја служаат на посетителите.

Наташа вели дека храна позајмуваат и од природата. Вели „позајмуваме“, бидејќи според неа ниту ја посадиле, ниту ја полевале со вода. Па затоа, кога собираат бобинки, печурки, коприви, чај, овошки, јатки, смрека од природата, освен што внимаваат да не ги оштетат, туку и оние кои доаѓаат со нив ги „учат“ како да се однесуваат кон природата.


Вкусната домашна храна подготвена со локални намирници е причината поради која треба да го посетите семејството Неданоски. Прекрасната природа која ви овозможува активни прошетки, чистиот воздух и идеалната надморска височина ќе ви придонесат за поубав викенд и ќе ве ослободат од стресот. Ваквите активни дестинации и вкусна храна не заборавајте да ги искомбинирате со ладно СКОПСКО.

Повеќе информации за локацијата и контакт од домаќините можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Садиме нови дрвца со секој тим билдинг

Тим билдинг кој ќе се памети! Уникатни моменти, забава и позитивна енергија.

Папрадиште, Велешко – планинско село за мирен одмор и автентично искуство

Откријте го Папрадиште, сместено на Јакупица. Уживајте во планински патеки, традиционална архитектура и мирна природа. Пронајдете идеално сместување преку кајак.мк.

Јабланица – планината што крие езера, врвови и авантура | Совршена викенд дестинација

Откријте ја магијата на Јабланица: планинарење, планински езера и недопрена природа на границата меѓу Македонија и Албанија.

Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој

Село Вратница е мало, но полно со автентичност и топлина, каде времето тече побавно и полесно. Вила Вратница идеално место за уживање.

Стогово – недопрен планински бисер во Македонија и дестинација која мора да ја вметнете во вашата листа

Откријте ја планината Стогово – скриено богатство на Македонија со недопрена природа, високи врвови и автентично планинарско искуство. Совршено место за љубители на авантури и мир.

Матка кањон – идеална викенд дестинација за целото семејство

Матка кањон – срцето на авантурата во Македонија