13.07.2020
Мотел Изгрев на Пониква: Одлична можност да го искористите ваучерот за туризам.
Мотел Изгрев на Пониква: Одлична можност да го искористите ваучерот за туризам.
По стресниот период кој ни беше секојдневен пријател од месец Март кога земјата ја зафати коронавирусот, може да се каже дека дефинитивно заслужуваме добар и релаксиран одмор. Летните горештини кои се само дополнение на работните обврски, треба да ги победиме со дебел лад сенка и планински воздух. Затоа од 20-ти август ќе можеме да ги “изладиме“ нашите досегашни напори со еден добар одмор на Пониква. Местоположбата на Пониква е идеална! Мора да се согласите дека е достапна секого, а сместувачкиот капацитет кој има да го понуди ова букова-елова планина е доволно евтин за да одговара на сечие барање. Но кога станува збор и за користењето на ваучерите за домашен туризам, тогаш „Мотел Изгрев“ може да биде паметна одлука за љубителите на планината и вкусната храна.
Идеална опција за лицата кои се корисници на ваучер за туризам. Наш совет за тоа како и на кој начин да се искористи ваучерот, но и што добивате за сумата е да го контактирате менаџментот на мотелот на телефонскиот број: 078 420 523.
Но кои се причините поради кои ние ви го препорачуваме ова место:
Да тргнеме од фактот дека секој заслужува реклаксиран одмор:
Кои фактори го прават „Мотел Изгрев“ место за релаксиран одмор?

- Буковат- елова шума со која е опкружен мотелот, а кои нудат свежа сенка во текот на целиот ден и одлични и пријатни ноќи за спиење;

- Уредениот двор во кој се наоѓа отворениот ресторан, фонтаните и место за забава за најмалите;

- Амбиентот. Амбиентот на Изгрев има клучна улога кога се работи за задоволни клиенти. Гостите кои по вторпат се враќаат овде велат дека дошле поради тоа што се чуствуваат доста пријатно во амбиент како дома.

Етно стилот, украсите, орнаментите кои имаат своја историја му даваат чуство на секој гостин дека патува низ историјата, а сепак во модерно легло.

- Просториите за ноќевање. Изгрев е место кое пред се сака да и овозможи на секоја фамилија да ги оствари своите потреби. Секоја соба соодржи се што му е потребно на еден патник. Услугата е достапна за секого и во секое време.

- Персоналот. За да има успешен бизнис како „Мотел Изгрев“ потребно е да има мотивирани вработени. Луѓе кои ќе го слушат секое барање од гостите, а воедно ќе нудат и препораки за тоа што треба да се дегустира или посети во околината.



-Храната. Храната во „Изгрев“ има посебна приказна. Луѓето ја обожаваат. Специјалитет кој мора да се проба е „Ребро во фурна“ кое е вистинско „ремек дело“ на кујната“. Покрај ова ви ја препорачуваме даската „Изгрев“, плескавицата „Мечкина шепа“. Ново во понудата е „Кебап султан тепе“ кој се приготвува во земјин сад.
Чуствувајте се слободни да ги контактирате за слободни места на: 078 420 523
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.