11.10.2020
Ова е Јабланица: Предизвик висок 2257 метри
Ова е Јабланица: Предизвик висок 2257 метри
Нов еко-предизвик од единствениот туристички сервер Кајак.мк
Предизвик е да се посети Јабланица. За некои туристи, алпинисит и планиари најувабата планина во Македонија. За оние пак кои постојано ги следат нашите предизвици за патување, еве уште еден предизвик: Искачување на врвот на Црн Камен висок 2257 метри.
Фотографиите коишто ги споделуваме со вас се фотографии од Горан Папаз, кој самоиницијативно го освои највисокиот врв. Па зошто да не го освоите и вие? 
Што треба да знаете пред да ја посетите ова планина. Јабланица е една од 13-те планини кои се повисоки од 2000 метри. Поделена е со границата Македонија-Албанија. 
Источниот дел и припаѓа на Македонија, дел кој има привлечност. Она што ќе ви остане во сеќавање по посетата се прекрасните глацијални езера, брзите планински реки и одличната глетка. Во лето климата е свежа, во зима има чести, понекогаш и обилни врнежи од снег, чија покривка досигнува и над 2 метри, а снегот се задржува од ноември или декември до март или април. 
Шумата е дабова, костенова и огромни комплекси на густа букова шума, а на
одредени места има четинарски шуми. Шумите се искачуваат
до околу 1800 м надморска височина, а над нив се планинските пасишта.
Јабланица има исклучително разновиден животински свет. Така, од крупните животни се застапени мечки, волци, лисици, елени, диви свињи, зајаци, срни, па дури и Балканскиот рис, кој го има само на уште 3-4 планини во Македонија и тоа со по неколку единки.
Веќе на околу 1800 м кај што завршуваат шумите и почнуваат
„голините“ се отвора неверојатна глетка. Секако, особен предизвик е искачувањето на највисокиот врв
Црн Камен (2257 м). 
За сите неискусни планинари или луѓе кои досега немаат стапнато на планина, тимот на Кајак.мк ве советува да не планинарете сами, туку да изнајмите професионален планинарски водич кој добро ја владее ова планина.

Нашиот тим постојано ве потсетува не едно најбитно: Посенете со вас кеси во кои ќе го чувате вашиот отпадок и вратите назад во градот и фрлите во соодветни канти за отпадоци.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.