16.10.2020

Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа

Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа

Светото денеска го одбележува интернационалниот ден на храната. Македонија е позната по својата добра храна, а доколку запрашате странски турист кој ја посетил нашата земја, со сигурност ќе слушнете како ја фали нашата кујна. Зошто странските туристи ја обожаваат македонската кујна? Што е тоа по кое Македонија е позната на светската туристичка гастрономска мапа. Тимот на Кајак.мк денеска нема да филозофира, ами ќе ви сподели како другите гледат на нашата кујна.

TasteAtlas“ е интернет стрница наменета за туристи кои пред се добри гурмани. На Taste Atlas може да се најдат сите специјалитети по кои една земја е позната. Како туристички сервер се надеваме дека многумина од вас за првпат ќе се соочат со имиња на македонски специјалитети. Со тоа што во моментот ни е забратено да патуваме надвор од државата, ние се надеваме дека ќе направите една добра туристичка обиколка на нашата земја и ќе дегустирате од се по нешто. 

Мапата на Македонија е исполнета со:

-Татлија
-Слатко од смокви
-Пастрмалија
-Крушевски локум
-Лапа
-Мезалк
-Симит погача
-Галички кашкавал
-Охридска торта
-Ширден
-Чомлек
-Ајвар
-Станушина
-Охридска пастрмка

За какви специјалитети станува збор и каде може да се дегустираат:

Татлија- Препорачано од Кајак.мк во Радовиш
Татлија е вид на ориентално слатко, од пченичен гриз, попарена со шербет. Вкусот на татлијата е сличен со оној на баклавата. Татлиите имаат повеќе варијанти и вообичаено содржат: брашно, млеко, масло, сечкани ореви и суво грозје, прелив од сируп од шеќер.

Слатко од смокви- Препорачано во Гевгелија
Слаткото од смокви е благ десерт кој се приготвува од смокви. Смоквите се лупат и се ставаат во вода за подоцна да се додаде шеќер. Се комбинира и со други овошја.

Пастрмалија- Препорачана од Кајак.мк во Штип/Радовиш
Пастрмалија е македонски специјален вид на пита направен од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавеста форма со сецкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.

Крушевски локум- Препорачано во Крушево
Подготовката на крушевскиот локум е тајна. Треба едноставно да се појде и проба.

Лапа- Препорачано во Кочани
Лапа — специјалитет од ориз, вода и афионово семе (мак). Се смета за својствен на кочанскиот регион во Македонија. Карактеристично за подготовка на лапата е што се користат скршени оризови зрна (уфак) што овозможува, по варењето, оризот воопшто да не се забележува, односно се добива еднолична смеса.

Мелаз’к- Препорачано во Куманово
Специјалитет од кукурек и јагнешки желудци исецкани на парчиња. Се поселуваат и забиберуваат. Јагнешките црева (кукурекот) и желудците увалкани во брашно и испржени во истата тава каде се пржеше месото и дробовите.

Симит погача- Препорачана во Скопје
Симит-погача — јадење односно печиво од тесто во вид на сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна (празна) пита без заире - полнење (сирење, месо или слично), која наликува на бурек. Потеклото на името е од турските зборови: симит кое се однесува на месеното лепче и погача кое се однесува на питата која се става во внатрешноста на лепчето. Бидејќи симитот е вид на месено лебно печиво, ваквиот вид на симит погача е препознатлив за Скопје, па оттаму е познат и како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е месеното лепче налик на македонскиот ѓеврек.

ПРОДОЛЖЕТЕ НА ВТОРАТА СТРАНИЦА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.