04.01.2021

Рецептот на македонското задоволство

Рецептот на македонското задоволство

Јануари во Македонија е познат по главоболно многу празници. Честопати странските туристи прашуваат како успеваме да избалансираме работа, празници и финансии во јануари.

Голем број од странските туристи знаат да скршнат во Македонија за да ги прследат сите традиционални обичаи, религиозни и пагански толкувања и да ја наполнат својата душа со традиционалната домашна храна. 

Помеѓу првите приказни во новата година, е приказната на Панте Јанески кои целиот свој живот го поминува во селото Бистрица кое се наоѓа на падините на Пелистер. Семејството на Панте па и самиот тој е доста поврзано со традиционалната храна и пијалоци, а јануари е дефинитивно месец кога македонците го јадат и пијат тоа што го ожнееле во текот на претходната година.

Јануари не може да се замисли без ракија. Таа е особено присутна на бадниковата вечера, а честопати се користи во доста религиозни обичаи.

Во Македонија има огромен број селани кои произведуваат ракија во своите дворови, но ние ќе ве запознаеме со Панте, бидејќи тој произведува ракија поради љубовта кон процесот, но не и за препродавање или конзумација. Панте вели дека започнал да пече ракија пред 40 години, односно откако се оженил.

Ракијата ја произведува од грозје „Лозница“ кој самиот го одгледува во својот двор. Процесот е доста интересен и бара внимание и посветеност. Она што го натерало да произведува ракија е тоа што кога завршувал со производство на вино, комината која останувала за отпад ја искористувал за да ја испече ракијата.

Панте вели дека пиел ракија со своите другари во младоста, но се до својата свадба. Откако се оженил, се посветил само на производството на ракијата. Ракијата сега му служи за послужување на гости и за неговата фамилија.

Јануари е месец кога се конзумира поголемо количество од неа. Особено за време на коледарските огнови, Божиќ, Водици, Стара Нова Година и ред други куќни слави.

Панте Јанески живее со својата фамилија во селото Бистрица. За време на Бадниковата вечера заедно со семејството го чествува овој голем празник. Бадниковата трпеза е доста важна кај секој оној кој го чествува празникот. Виолета Јанеска вели дека секоја година приготвува доста традиционални посни специјалитети. Почнувајќи од посни питулици со лук, риба, посни сарми, туршија, апетисани и суво грозје.


За коледарскиот оган пак, невестите подготвуваат посно мезе и кифлички, а пак мажите се задолжени за огнот и ракијата. 
Коледарските огнови зближуваат луѓе од целото соседство кои преку песна и веселба остануваат до доцна во ноќта. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.