22.08.2020
Уникатни сместувања недалеку од дома
Уникатни сместувања недалеку од дома
На само два и половина часа возење од Гевгелија се наоѓа луксузен “шатор“ на една од преубавите плажи на првиот крак. Можеби е мал, но нуди сè што можете да побарате од луксузна хотелска соба, а да биде сместена на вашата приватна плажа! Идеално за сите кои уживаат во мирисот на дрвјата и морето!

iCamp е проектот кој се гради на приватна плажа во Палиури на Халкидики. Овој гламурозен, 5* шатор има сè што можете да побарате од хотелска соба 5 *, но е уште подар затоа што нуди единствена комбинација на приватност и природа!

Ако сакате квалитетното време да го искористите со вашите најблиски, или самостојно, но сакате да ги надминете стандардите, тогаш iCamp max 2 е она што го барате. Во добро организиран простор, има сè што треба за да го поминете одморот на удобен начин. Се состои од комплетно опремена спална соба, дневна соба и бања, на најзгодниот и најлуксузен начин. Поточно, има многу удобен брачен кревет, двоен софа кревет, купатило и огромен балкон што го комбинира надворешниот простор со шаторот. Во шаторот може да се сместат максимум 4 лица.

Погледот е волшебен, но исто така и мирисот на бор секое утро кога ќе се разбудите.
Цената за едно ноќевање се движи од 177 долари па нагоре за 4 лица.
За жал во моментот поради затворените граници, патувањата во Грција се оневозможени. Но и порај тоа, ова приватно “шаторче“ е резервирано со месеци однпаред.

Патуваме во Истанбул за 28-ми Септември без PCR тест! Инфо на 076 791 157 Термин: 27.08-30.08 Ценa: 79 € oд лице Вклучено: Превоз на релација Скопје - Истанбул- Скопје 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 Посета на Капали чаршија, Посета на Аја Софија Водич за време на престојот |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
