25.09.2020
Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата
Во Македонија навистина постои „Рајот“, а тој се наоѓа на југот од државата
Последните сончеви денови во септември и октомври, можеби најпаметно е да ги искористите на некоја нова локација, за многумина од вас можеби и се уште непозната. Туристичкиот сервер Кајак.мк овојпат ве води во падините на планината Кожуф, односно на само 15 минути возење по локален пат од самото исклучување од автопатот на клучката кај Миравци.
Кајак.мк е туристички сервер со еко концепт, затоа при секое читање на нашите #TIPS&TRICKS совети за патувања, ве советуваме да си понесете со вас, хартиена кеса во која би го собрале отпадокот.

Ве запознаваме со „Бел Рај“. Место за кое се раскажуваат многу приказни, а доколу имате авантуристи туристи во вашето друштво, со сигурност ќе ви кажат за ова место. Во почетоците на неговото работење „Бел Рај“ беше место кое го обожаваа луѓето со слободен дух, авантуристите, планинарите, велосипедистите и музичарите.

Доколку пребарувате во музичките видеозаписи на познатата група „Ареа“, ќе забележите дека видеоспотот за песната „Слободен“ е снимен на ова место. Покрај Ареа и многу други млади музичари имаа свое гостување на ова локација. Пред извесен период, Бел Рај беше домаќин на дводневни и тридневни електронски музички фестивали.

Денеска, ова место има свој отворен и затворен простор каде може да престојуваат гостите. Бел Рај ќе функционира и во текот на зимскиот период, кога е особено добро чуството да го посетите во текот на ноќните зимски часови кога реката создава фасцинантен шум. 
Реката која поминува покрај самото кафуле има создадено два пошироки вира, каде локалните жители, но годинава и многу луѓе од цела земја се одлучија да влезат во свежите, но сепак чисти води на реката.
Местото е претежно фаворизирано од младите во Македонија, но според она што можеме да го забележиме, менаџментот се фокусира да го разработи локалот за секаков тип на гости, со служењето скара и риба. 
Што може да се виде во околината на „Бел Рај“:
-Брана „Калица“
-Брана „Габрово“
Договорете локални жители да ви организираат велоспедска тура!
Што треба да се јаде во овој период од годината:
-Смокви (Свежо, нешто што треба сега да се јаде)
-Калинки (Свежо, нешто што треба сега да се јаде)
- Локален Ајвар (Свежо, нешто што треба сега да се јаде)
Фотографиите се линкувани од фејсбук страницата: https://www.facebook.com/belrajmiravci/
Текст: Kajak.mk
Уште една луксузна вила на Тиквешко Езеро достапна за резервации |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.
