23.11.2021

Срцето ми се полни кога гледам детски насмевки

Срцето ми се полни кога гледам детски насмевки

Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по хероите кои прават мали нешта од огромно значење за туризмот и општеството.

Она кое ние го заклучивме е фактот дека во Македонија недостасува среќа. Доста од луѓето кои живеат на нашето поднебје не се среќни. Недостасува меѓусебната поддршка и поттик, недостасуваат насмевките и убавите муабети.

Затоа, нашата цел е еден ден да изградиме база со милион локални херои кои ќе бидат надеж дека можеме самите да си помагаме. Ќе се потрудиме да ги споделиме приказните на сите локални херои кои никогаш не би помислиле дека некој ќе им ја сподели јавно приказната и ќе им даде поддршка на начин на кој Кајак.мк ја нуди.


Ваквата мисија нам нè оддржува во живот и ни дава волја да се будиме секој ден рано наутро и да трагаме по новите луѓе кои вредат за нашето општество.

Денеска ќе ве запознаеме со уште една локална хероина која е доказ дека слободното време исполнето со хобито кое го сакате може да ви донесе дополнителен приход за живеење.

Каранфилка Гицева е жената која изработува куклички преку амугуруми техниката. За неа, со секој сплетен котолец се плети и нејзината душа.


Таа важи за позитивна личност. Безусловно би му помогнала на секој кој има потреба од помош, а умее својата позитивна енергија да ја пренесе на останатите. Пронашла начин преку изработката на кукличките да ја пренесе енергијата и да им ја стопли душата на децата на кои ќе им подари играчка изработена од нејзините раце.

Научила да плете како дете на 6 годишна возраст, а првото нешто кои успеала да го сплете било фустанче за куклата. Пред неколку години налетала на техниката- амигуруми која била сосема непозната за неа, но доста интересна.


На почетокот од помош ѝ биле едукативните видеозаписи на YouTube, за подоцна да продолжи по сопствената насока. Нејзината прва кукличка била зајче, а потоа изработила неколку жирафички, лавови и ред други животни кои ја поттикнале да ја создаде својата страница именувана како „Среќна дружина“.


За изработка на кукличка во амигуруми техника потребни се безбедни материјали (памучен конец и антибактериско полнење) кои нема да го загрозат здравјето на малите деца и бебиња при нивната игра. Најважно од се е трпеливоста и љубовта при процесот на изработка на куклата бидејќи со секој нареден сплетен котолец, се плете и душата на играчката.


Каранфилка вели дека во изминатите години се вратила модата на плетени изработки. Се повеќе луѓе бараат вакви куклички, затоа што истите тие може да се изработат по слика и да личат на децата. Почнувајќи од иста боја на коса, очи и омилена гардероба.


За неа најважно е децата да бидат среќни. Додава дека нешто кое најмногу ја исполнува е насмевката на децата кои си добиле куклички кои таа им ги поклонила.

Дел од кукличките кои ги подготвува, а кои не се наменети за одредени деца, ги објавува и продава преку својата страница Srekna druzina - racno izraboteni kuklicki.


Ваквите луѓе како Карафилка заслужуваат внимание од тимот на Кајак.мк, а кои луѓе имаме цел да ги вклучиме во нашата кампања за месец декември, за која можете да дознаете повеќе со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.