02.11.2021
Живеам за да промовирам историја, култура и уметност во Охрид
Живеам за да промовирам историја, култура и уметност во Охрид
За тимот на
Кајак.мк, ноември е месец кога треба да се запознаеме со нови луѓе и да ја
збогатиме нашата база со нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за
развој на туризмот.
Денеска ќе ве запознаеме со Евгенија. Девојката која летоска организираше доста интересен настан преку кој го промовираше ликот и делото на Никола Исаија Чудов, учител, револуционер и преродбеник. Личност која направила многу за градот Охрид.

Ние испивме едно кафе со Евгенија, а таа ни раскажа нешто повеќе за себе, за културата во градот Охрид и настанот кој се оддржа во месец август. Евгенија вели дека е тврдоглав сонувач кој знае како да го изнајде крајот, доколку силно верува во тоа што го сака. По професија е психолог и во моментов работи како менаџер на човечки ресурси, кој пат ја исполнува во нејзиното лично надоградување.

Кајак.мк:
Здраво Евгенија. Кажи
ни нешто за тебе? Како те познаваат луѓето?
Евгелија: Здраво Кајак.мк. Ви благодарам што
стапивте во контакт со мене. Јас сум Евгенија, по потекло сум од
Враништа, каде што главно израснав, а неизбежна релација од моето секојдневие
беа тие 20 километри помеѓу Враништа и Охрид, кои и денеска се, кога престојувам таму. Мислам дека луѓето ме познаваат како
смела и достапна личност која се труди да инспирира и помага секогаш кога има
можност. Барем така мислам, ќе треба да ги прашате.

Кајак.мк:
Како се пронаоѓаш во Охрид и што е тоа што те исполнува во градот?
Евгенија: Се
пронаоѓам во секој камен на калдрмата, во секое ехо на Антички и Долни Сарај,
секој бран што удира во карпата од Канео, ѕвоната на камбаните во недела,
ветерот што струи низ куќите и водата што се слива надолу низ стариот град со
секој дождот. Охрид за мене е
она место во кое секогаш се враќам до уште поголема радост од предходниот пат,
место од кое никогаш не ми е доста и во мене побудува мноштво измешани чувства
од спокој и немир, љубов, восхит, гордост, ме исполнува секое негово минијатурно делче поради симболиката со
која се носи.

Кајак.мк:
Како според тебе се развиваше културата на градот во изминатите години? Дали
сметаш дека им се дава повеќе вредност на битните и значајни работи во градот?
Евгенија: Секогаш
може подобро. За среќа Охрид се уште e чувар на културата, еден доказ за тоа е
и добро познатиот фестивал „Охридско
лето” кој што оваа година то славеше
својот 61-ви роденден. Од
друга страна пак, низ годините забележав пад и губење на духот на доста
значајни нешта. Особено младите во градот беа како од градени од многу културно
поврзани настани, па од тој аспект мислам дека културолошката иницијатива 5до12
заслужува едно големо браво, на чии основачи минатата тешка година им беше
вистински предизвик за да ја вратат желбата за делување и креативно изразување
как младите на најразличен начин. Како и да е, кредибилитетот на важните
настани и одликувања на градот неможе да биде одземен, но доколку повеќе се
трудиме кон истакнување на она што е наше толку повеќе ќе не има.

Кајак.мк:
Дали може да ни раскажеш нешто за настанот кој го организираше ова лето? Какво значање има? Што
преставува? Што одбележува и што раскажува?
Евгенија: Охрид,
меѓудругото е град на многу чинари и кочеџици, со што и изворот на овој настан
потекнува од засадувањето на еден од нив, оној во дворот на храмот Св.
Богородица Перивлепта, уште позната и како стар Св. Климент. “Откривање на
возобновената плоча во чест на дрвото кочеџик, засадено по повод 1000 години од
упокојувањето на Св. Методиј и чествување на ликот и делото на Никола И. Чудов”,
со самиот наслов пробав да се види дека има повеќе од едно значење, за да може
да се спојат сите конци и вистината да биде исплетена во една убава приказна
која ќе биде слушната, разбрана и понатаму пренесувана низ генерациите.

Овој настан е од непроценливо значење за нас како потомци но
и за историјата на градот Охрид, бидејќи се осветлува животот и делото на
Никола Исаија Чудов, кој како учител, револуционер и преродбеник, направил
многу за неговиот Охрид и за Македонскиот народ. За жал, и покрај подробно
пишуваната литература за него и неговото суштинско дејствување, Чудов не е
позната фигура низ народот, па така една од целите на овој настан беше
истакнување на неговата битност. Од таа причина дел од мојот говор преку кој го
пренесував извираше со мноштво информации за неговото живеење и творење.
Неговиот доцна пронајден дефтер со литературни творби и истакнати настани за
македонската борба, меѓудругите нешта ја откри и вистината за кочеџикот, кој
што го засадил заедно со припадниците на друштвото “Св. Климент” и за кое што
ја напишал подолу споментата стихотворба.

Кајак.мк:
Кои се битните моменти според вас кои мора да им бидат преставени на странските
туристи?
Евгенија: Црквата
Богородица Перивлепта е неизбежно место за посетување како и на групно
организираните тури и на
индивидуалци кои се желни за да се восхитуваат на убавините на Охрид, добро ни
е познато дека кругот на тој храм тежи со вековна историја која што ја буди
љубопитноста кај сите, а
патем и ни нуди прекрасен поглед кон дел од градот и кон тврдината. Имено
додека со моите родители ги правевме последните подготовки за се да биде
спремно за големиот настан, бевме мета на прашални погледи од минувачите околу
храмот.

Доста од нив доволно заинтересирани, други срамежливо погледнуваа без
намера да пречат, па откако ќе поминев во добар период на објаснување кај ниту
едни не изостави моментот на длабоко воодушевување кон она што правиме, зошто
го правиме и која е вистината што ја изнесуваме на површина. Така, она што
сметам дека мора да им биде претставено на странските (а богами и на нашите)
туристи е голата вистина позади секое едно случување во градот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.