03.02.2022

Модерна дрвена планинска вила во Маврово со камин и прекрасен поглед

Модерна дрвена планинска вила во Маврово со камин и прекрасен поглед

Ни доаѓаат два доста симпатични месеци, две причини поради кои треба да бидеме на Маврово. Првата е секако снегот кој не престанува да паѓа и да го белее ски центарот, а втората е фактот дека денот постепено се зголемува и отсега ќе имаме повеќе дневна светлина за уживање во природната убавина на Маврово.


Третата причина поради која треба дa го посетите Маврово е ова уникатна дрвена планинска вила чиј ентериер е модерно скоцкан да одговара на потребите на дигиталните номади и на луѓето кои бараат начини да се отселат од градските џунгли и да се засолнат во планинскиот спокој.


Нашиот тим е среќен што уште едни домаќини ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк, а не сомневаме дека ова уникатна планинска вила нема да ги задоволи потребите на нашите патувачи.


Домаќинот Дамјан вели дека вилата е дизајнирана во модерен стил, но го има задржано планинскиот дух. Од спалните соби и од кујната има прекрасен поглед кон езерото. Вилата се грее на сопствено парно греење, а има и подно греење. Она што е јаготка на шлагот е каминот на огревно дрво кој е сместен во дневниот престој.


Звучи симнатично за престој зарем не? Доколку сакате да ја резервирате вилата, погледнете повеќе фотографии и информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.