15.01.2021

Снежни фотографии од Македонија пристигнуваат од сите страни!

Снежни фотографии од Македонија пристигнуваат од сите страни!

Петок, снег и радост. Најголем сон на секое дете е викендот да може да го помине шетајќи по снегот, чистиот воздух, правејќи снешко или пак практикувајќи некој зимски спорт како скијање или „сноубординг“.

Ние успеавме да направиме колекција од повеќе фотографии коишто ни ги испратија сите патувачи на социјалните мрежи. После ваквата акција, ние веќе знаеме дека патувачката војска во Македонија се повеќе ни расте. 

Македонија е прекрасна во секое годишно време. Утрово поголемиот дел од земјата се пробуди со снежна покривка и топол чај или кафе. Фотографиите кои ќе ги погледнете се од локалното население направени денеска, а дел од нив вчера. 

ВЕЛЕС:


Фото: Колевска Даниела (Велес е град кој е прекрасен за фотографирање во зима. Идеална панорама од сите страни.)

ПРЕСПА:


Фото: Ана Лабор (Спирит оф Преспа: Идеално место за фотографирање на зима, а за уживање на лето.)

БИТОЛА:


Фото: Дамјан Козаров

ПЛАНИНА КИТКА:


Фото: Бекир Адеми (Планината Китка треба да биде честа дестинација за посетување на секој кој живее во Скопје. Идеална местоположба и одлична за постување со велосипед во текот на летните денови)
ПЕЛИСТЕР:


Фото: Тони Митревски (Пелистер ја има моликата, а моликата го дава чистиот воздух)

МАВРОВО:

Фото: Елеонора Димковска (Маврово има ски центар полн со млади скијачи. Нам не радува фактот дека менаџметот кој раководи со ски-центарот Маврово, постојано внесува нови и свежи теми кои привлекуваат се повеќе туристи)

КРУШЕВО:


Фото: Александра Стевановски (Крушево, од историја, уметност, традиција, па се до адреналински спортови како што се скијањето, параглајдингот и бордањето по диви стази. 


Имаме уште милион фотографии. Тие ќе ги споделуваме со тек на време. Ова е само првиот бран снежни фотографии со кои сакаме да ви ја исполниме душата. Секоја фотографија можете да ни ја испратите на: [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.