13.02.2022

Набавувам козјо млеко од Јакупица и Даутица за да произведувам сапуни

Набавувам козјо млеко од Јакупица и Даутица за да произведувам сапуни

Ирена Андоноска е уште една жена дел од долгата листа локални хероини кои прават мали нешта од огромно значење за промоција на туризмот туризмот во Македонија. Со својата приказна која почнала да ја испишуваа, таа е мотиватор на доста млади кои размислуваат дали да отпочнат сопствен бизнис.


Дипломирала како биохемифизиолог, а во светот на Кајак влегува како жена која рачно изработува домашни сапуни од разни есенцијални масла како невен, арган, кантарион, јојоба, авокадо, неем, а најважно за нашиот тим е фактот дека млекото го набавува од сточари од Јакупица и Даутица. Исто така дел од маслата мацерати ги изработува исклучиво од билки собрани од Јакупица и Даутица. 


Со самото дипломирање, Ирена одлучила хемијата да ја искористи во права смисла на збор, како наука која нуди широки можности за експериментирање и надоградување. Како мала отсекогаш сакала да си игра со шишенца од шампони и теглички од креми. Денес, љубовта кон природата, природните состојки и факултетот ѝ помогнале да ја изгради својата приказна наречена „Glow Natural“.


Нејзините производи се изградени од основните состојки како шеа путер, медот, прополисот и сурутката, а уникатноста на производите им ја дава со природни декораци и разни калапи.  


Ирена е среќна што има широка палета од производи. Овде се сапуните, кремовите, серумите, мелемите, шампоните, лосионите и многу други производи кои имаат одличен мирис кој се должи на 100 проценти чистите есенцијални масла. Козјото млеко и билките кои се користат во производите се од најчистите предели на пасиштата на планинските масиви Јакупица и Даутица, што за неа преставува поддршка кон локалните сточари во Македонија и гаранција дека луѓето купуваат домашни производи.


Што се однесува до навиките кај домашните потрошувачи, според неа, популацијата започнала да се ориентира кон употребата на природната козметика и да го цени трудот посветен на сапунификацијата кој е доста компексен.


Ја запрашавме за процесот на производство на еден сапун, Ирена ни одговори дека најжвано од сè е широкиот спектар на материјали. Самиот процес на сапунификација е хемиски процес кој го научила од студии. Покрај многуте останати фактори битна улога играат температурата, РН вредноста, количините и типот на состојките, а сето ова надополнето со соодветна литература, формулирање, експериментирање и многу експериментални дози завршени во канта, до финален производ, раскажуваа таа.


Процесот на сапунификација кај сапуните е невозможен без NaOH и маслата од невен, арган, кантарион, јојоба, авокадо, масло од неем, масло од млечен трн, како путер, шеа путер, глини, мед, прополис, сурутка, ланолин, хидролати и други. Ваквите материјали честопати се случува да ги нема во Македонија, па од тие причини потребно е да се нарачат од надвор.


Производите на Ирена може да ги најдете на Instagram: glownatural1, Facebook: GLOW Natural, а наскоро и на „Кајак Бакалница“ која ќе биде ново отворена база на нашата платформа. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.