04.11.2020
Престојувајте во планинарскиот дом „Караџица“: Идеална околина за активен одмор
Престојувајте во планинарскиот дом „Караџица“: Идеална околина за активен одмор
Уште еден еко предлог за сите спортски авантуристи, но и за луѓето кои сакаат да го променат начинот на живеење. Спортувајте, а најмногу од се пешечете секогаш кога е можно. Наш совет е да одвоите викенд за пешачење до планинарскиот дом „Караџица“ во кој може да престојувате. За вепосипедистите пак, слободно понесете ги вашите велосипеди горе. Ова место е идеално и за фотографирање, како што се фотографиите на насловната кои се направени од insta @blazevskimarko.
Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица која пак го завзема централниот дел на Република Македонија. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот.
Денес со домот управува спортското планинарско друштво Драчево од Скопје. Од почетокот на нашето управување во домот се извршени доста промени кои одземаат доста финансии, труд и време, почнувајќи од самите соби, главниот салон, прозорци и врати, ставање во функција на две туш кабини, кујна како и хортикултурно уредување на дворот со што п.дом Караџица полека но сигурно го добива ликот кој го заслужуваат сите оние кој уживаат во неговата природа и местоположба.
Домот има капацитет од 15 соби, со 65 кревети. На гостите на располагање им се пондудени кујна опремена со пристојни елементи-прибори, фрижидери и ормани за храна, туш кабини, чиста постелнина, тв со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња.
Друштво организира превоз до п.дом Караџица и тоа со поаѓање и враќање од пред шумското стопанство Караџица над бензинската во Драчево. Планинарскиот дом Караџица е еден ако не и единствен планинарски дом кој е отворен за посетителите во текот на целата година.

Планинарски дом „Караџица“
Управува: Планинарско друштво „Драчево“ - Скопје
Местоположба: под планината Мумџица на 1450 мнв. Капацитет кревети.
Пристап: Пристап по асфалтен пат до Преслап а потоа по шумски пат (на
места тампониран).
Раб. време: Домот е постојано отворен.
Контакт: 075-225-232; 070-238-763
Основна патека: До Руски споменик, 7,7 км. До Преслап 4,5км.
Споредни патеки на трансверзалата: До план. дом „Даре Џамбас“ на планината
Водно, должина околу 26 км.
Останати патеки:
До
Салакови езера
По
сртот на планината Мумџица.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.