31.08.2020
Место со најубавиот поглед кон Лазарополе
Место со најубавиот поглед кон Лазарополе
На 1.350 метри надморска височина, на работ од една висорамнина на Бистра, лежи второто по големина малореканско мијачко село и едно од највисоките селски населби во Македонија. Големата височина не му дозволува да има никакво земјоделско производство. Но, затоа има богата и долга историја од втората половина на 15 век.

Во близина на селото се наоѓа пештерата Калина дупка. Легендата раскажува дека по некоја локална војна се враќале турските „азбии“ кон своите домови и притоа правеле пустош по населените места на Бистра.

Места што треба да се посетат:
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата „Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта
Јаворска Вода — населба и средновековна некропола
Главино Село — средновековна населба и некропола
Јама — средновековно утврдување
Каптажа — средновековна некропола
Оралиште — средновековна некропола

Цркви
Црква „Св. Великомаченик Георгиј“ — главна селска црква од XIX век, со придодаден трем од почетокот на XX век
Црква „Св. Петка“ — мала црквичка, изградена од Јосиф Аврамов Куноски на 26 јули 1908 година
Црква „Св. Атанасиј Велики“ — параклис од крајот на XX век
Црква „Св. Ѓорѓија“ — параклис од крајот на XX век во месноста Ѓурепи
Црква „Св. Спас“ — параклис од крајот на XX век
Реки
Лазарополска Река — во близина на селото
Пештери
Калина Дупка — значајна пештера на планината Бистра

Во Лазарополе се наоѓа и хотелот Калин.
Калин хотел е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера. Калин хотел е идеално место за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници. Ексклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди квалитетна храна, локални и интернационални јадења и специјалитети од дивеч. Внимателно селектираната винска листа е идеално дополнување на одличната храна.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.