25.04.2023
Уникатни апартмани на сама плажа во Претор
Уникатни апартмани на сама плажа во Претор
Уште едно уникатно сместување за љубителите на пикник во природа и покрај езеро. Денеска базата на Кајак.мк се надополнува со нови уникатни апартмани кои се стационирани во Претор покрај самата плажа.

Апартманите кои се наоѓаат во склоп на објетите имаат директен поглед кон Преспанското езеро, а домаќините кои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека имаат приватна плажа со лежалки и чадори за сите гости, а годинава додаваат и два базени кои ќе им бидат на располагање на гостите. Во близина има повеќе ресторани, маркет, пешачка и велосипедска патека до плажа Сливница и Крани, како и голем број на манастири и планински пешачки патеки.

Сместувањето се наоѓа на плажа Претор, во голем зелен двор со природни сенки и паркови со места за седење, со прекрасен поглед кон езерото.

Во околината има богата природа, спој на езеро и планина. Во близина се другите плажи во Претор, Сливница, Крани, Дупени, а наша препорака е да ги посетите и етно селата Брајчино и Љубојно, како и градот Ресен. Не заборавајте да ја надополните вашата листа со големиот број на манастири кои се наоѓаат во селата Курбиново, Сливница, Грнчари и Подмочани, како и планинските патеки кои ги поврзуваат овие манастири. Локацијата нуди најубав поглед кон зајдисонцата над Преспанското езеро.

Повеќе информации
за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден
клик ОВДЕ.
Коментари
-
Стефка Димитрова
19.06.2025 23:50
Цена за 1 до 3 август за 4 возрасни и едно 11 годишно дете
-
Сања Џајковиќ
28.07.2024 14:55
Ako moze informacija za vo Avgus koga imate slobodni termini.
-
Elena kuzmanova
13.07.2024 16:51
Zdr apartmani za dvajca vozrasni i deca 8god.6god.i 1god. I 4meseca za na 08.08. Za 4 noki cena kolku e i dali ima slobodni ako moze brojce da se javime
-
Atila
27.04.2023 14:10
Ami do plaža so točak li se ojdvit?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.