16.05.2022

Ранчот на коњи во Неготино: Ги поттикнуваме гостите да се заљубат во коњите

Ранчот на коњи во Неготино: Ги поттикнуваме гостите да се заљубат во коњите

Во базата на Кајак од денеска ни се приклучува уште една уникатна локација која на дел од нашите патувачи им е позната како „Коњанички клуб- Adventure“.


За нашите патувачи кои пак за првпат се среќаваат со клубот, треба да знаат дека тој се наоѓа во Неготино, односно во населбата „Саат Кула“.

Оддалечен е еден километар од центарот на градот, а претставува атракцивна викенд дестинација за локалното население.


За оние кои немаат искуство во јавањето коњи, може да јават исклучиво во кругот на ранчот. Додека пак на искусните јавачи може да им се организираат тури и надвор од ранчот, на отворен терен.

Ранчот располага со 5 коњи. Домаќините за Кајак велат дека пробно јавање чини 150 денари. Во склоп на ранчот има и ресторан каде може да се нарача храна или пиење.


Клубот започнал да функционира во 2017-та година, а изграден е од љубов кон коњите без комерцијална намена. Започнал да функционира со 2 коњи и со тек на време бројката достигнала до 5 коњи.

Доколку сакате точна локација и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.