21.07.2020

Хотелот Дипломат Плус во Охрид нуди многу повеќе за вашиот ваучер

Хотелот Дипломат Плус во Охрид нуди многу повеќе за вашиот ваучер

 За сите дополнителни информации и резервации јавете се на 070/365-406.

Сакате да резервирате без ваучер. Можете дирекно преку нас со еден клик ОВДЕ


Тимот на Кајак.мк денеска ви го претставува хотелот Дипломат Плус кој во споредба со цените коишто ги направивме и доколку се земе фактот дека токму овде можете да ги искористите вашите ваучери, сметаме дека хотелот е „ОДЛИЧЕН ПОГОДОК“ за одмарање во Охрид. Она што нам ни се допадна е оддалеченоста од брегот на Охридското езеро која е само 150 метри, што дава до знаење дека секое зајдисонце ќе можеме да го проследиме овде. Знаете и самите дека сакаме зајдисонца, така?


За да биде приказната уште подобра, слушнете за утрата. Овде утрата се чекаат на најгорниот спрат од хотелот каде воедно се наоѓа и ресторанот каде се служи вашиот утрински појадок и првото охридско кафе. Поглед кон град кој дише историја.
За патниците коишто сакаат да одморат глава од метежот на работата и му пружат отпор на стресот од целокупниот „ковид период“ може да се каже дека хотелот ќе ги задоволи нивните барања.


Одалеченоста од централното градско подрачје и туристичкиот метеж е на еден километар. Хотелските соби се просторни и пријатни, а поседуваат и балкони. Интернетот е бесплатен, а во сите соби има и кабловска телевизија, клима уреди, фрижидер и фен во бањата. За пријатната атмосфера во собите секојдневно се грижат лица за оддржување на хигиена. 

Хотелот располага и со сопствен бар со убава тераса, релаксирано катче за ноќен разговор. 

Стигнавме до делот кој посебен акцент ќе му ставаат љубителите на релаксираниот стил на живеење. Во самиот хотел на приземје се наоѓа салон за убавина кој поседува инфра-ред и финска сауна, кои може да се доплатат и да бидат во користење на гостите. Хотелот секако дека располага и со лифт, што го прави идеален за поврозрасни патници и за лицата со инвалидитет. 


За возачите, битно е да напоменеме дека хотелот има место за слободен паркинг, а пак за љубителите на авантури треба да се потенцира дека менаџментот располага со понуди на екскурзии и тури со автомобили и велосипеди. 

Во прилог ценовникот на хотелот, за лицата со или без ваучери:

Хотел “Дипломат Плус“ е регистриран на платформата “Дома си е дома“ и према тоа и гостите добитници на ваучер од Министерство за економија се добредојдени во хотелот каде покрај бесплатниот паркинг и бесплатниот пристап до интернет мрежа со која е покриен целиот хотел, гостите може да ги користат и следните услуги:

Услуга: Ноќевање со појадок за 2 лица- 21 Еур по лице на ден

Услуга: Полупансион за 2 лица- 25 Еур по лице на ден

Услуга: Полн пансион  за 2 лица- 29 Еур по лице на ден

Деца 0-6 години- Бесплатно

Деца 7-12 години- 50% попуст

Хотелот ги следи сите препораки и мерки за заштита од Ковид-19 на нашите гости, но и за заштита на самиот персонал.


Сакате да резервирате без ваучер. Можете дирекно преку нас со еден клик ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.