02.07.2020
Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.
Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.
Место во Македонија каде што би препорачал поминување на викенд?
Во овој момент на ум како идеални места ми доаѓаат Врбен, Дихово, Гумалево, Црник, Пешти, Пониква... Па, сепак, одговорот на едно вакво прашање и не е лесен, бидејќи Македонија крие речиси бесконечно убавини, постојат места за сечиј вкус. Секој кој сака да ја доживее Македонија надвор од дестинациите околу Скопје, Охрид, Маврово, Берово и други попознати места, треба да почне да патува, па така ќе открие кои места и природни убавини се неговиот рај.
Како сметате дека треба да се развива домашниот туризам во наредниот период?
Мислам дека во домашниот туризам државата може да пронајде свој потенцијал. Ваквиот вид на туризам сѐ уште е далеку од развиен, не е разработен и мислам дека постои само на хартија. Сакам да верувам дека во блиска иднина нештата конечно ќе се променат, а за тоа ќе биде потребно ние самите, општините и државата, да почнеме да си го вреднуваме тоа што го имаме. Мора исто така да го имаме предвид фактот дека е потребно едуцирање, кампања насочена кон поширокото население, за почитување на природата и на културното наследство, дека за нив треба да се води грижа, дека природата треба да се чува, а културното и историско наследство да се обезбедува и одржува. Премногу боли кога гледаме како странски туристи нѝ го чистат нашето ѓубре од Матка, Водно, Охрид...
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.