06.01.2021
Посетете ја Куратица: Романтика на 1100 метри надморска височина
Посетете ја Куратица: Романтика на 1100 метри надморска височина
Ако барате каде да го доживеете спокојот во јануари, тогаш совет од тимот на Кајак.мк е да го посетите селото Куратица. Кутратица има што да ви покаже. Од освежително опкружување и живописен амбиент.
За Горан, човекот кој е „виновен“ за добрата промоција на Куратица, ова село е многу повеќе. Горан вели дека со силна верба во себе можеме да направиме многу. Тој организира тури со ATV мотори, летни капувања, а во моментот вели дека се подготвува и зимската моторна санка за луди авантури.
Во селото живеат околу 200 жители. Но бројката во текот на годината е многу поголема, бидејќи постојано доаѓаат туристи кои слушнале за селото. Ги привлекува надморската височина. 1.080 метри надморска височина, храната и природата.
Горан раководи и со сопствен етно ресторан „Дедо Димо“. Како то што вели тој, колбасот што самиот го прави, ѓомлезето на староседелките на селото, фуранџискиот леб на сопругата Сузе, питулиците со вековна традиција и домашното вино, се главната причина за тоа што туристите се враќаат повторно.
Од атракциите мора да ги споменеме: Турите до Мазатар со специјални теренски возила, скијањето по падините и забавните тури со магариња. Воедно, Куратица е доста позната и по традиционалниот маскембал кој се организира на 13-ти и 14-ти јануари секоја година, но годинава поради пандемијата ќе биде ставен во мирување. 
Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид, или на пет километри северно од патот Охрид – Ресен. Има околу 200 жители, околу 150 куќи, основно училиште со околу 15 ученици. Главна дејност е сточарството. 
Најчести туристи во селото се битолчани, скопјани и прилепчани. Горан рекламите ги прави на социјалната мрежа фејсбук. Во моментот нема соби за престојување, но како што вели тој, овој проблем ќе биде решен до пролетта.

(Foto: Stojan Stojanovski)
Горан располага со теренско возило, ATV мотори, како и снежна моторна санка која е новитет во понудата за престојната зима. Турите ги организира најчесто до врвот Мазатар. Пократка тура која е честопати избор на туристите.
Подолгата тура се организира до Плакенска Планина каде се поминуваат околу 80 километри и е потребен цел ден за да се реализира турата. Ова е доста авантуристичка тура. Најчесто се реализира со ратакот на Горан, на кој има поставено кабина. Кога има навеано голема количина снег, возат со ратакот, го затапкуваат снего и прават патека за скијање. Возат се додека е можно, а оттука со скии или санки туристите се пуштаат по патеката до селото.


Во селото се наоѓа и етно ресторанот Дедо Димо во кој можете да дегустирате вкусна традиционална домашна храна. Ресторанот е изграден според автентичните градби за ова поднебје.

Опкружен со живописната природа нуди традиционални јадења како што се домашен леб од фурна, ѓомлезе, петулици, домашни пити и други јадења подготвени со производи од домашно органско производство како и чаша домашно вино, ракија или сок.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.