16.07.2023

Селска куќа во Преспа со пространо дворче достапна за изнајмување

Селска куќа во Преспа со пространо дворче достапна за изнајмување

За оние патувачи кои не се големи љубители на масовниот туризам и кои бараат начин како да ја избегнат гужвата која настанува во текот на летната сезона, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска базата на приватни сместувања се надополнува со уште една селска викендица која има пространо дворче и која се наоѓа на прилично мирна локација.

Станува збор за локална куќа во Преспа во која може да се смести цело поголемо друштво и да се ужива за време на летните денови.


Куќата се наоѓа на самата граница кадешто се среќава планината со езерото, што е погодна и за оние кои сакаат пливање и за оние кои сакаат планинарење, а можеби и за двете комбинации. Располага со вкупно 12 соби, опремена е со купатило и кујна, а во близина се наоѓаат повеќе манастири, како и островот „Голем Град“.

Повеќе информации за сместувањето можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.