19.10.2020

Сместување во шума на 1250 метри надморска височина

Сместување во шума на 1250 метри надморска височина

Секој ден е добар ден да се планира каде на викенд нели? А денеска секој што сака е зелена околина, чист воздух, вкусна храна.

Тимот на Кајак.мк ви дава една добра препорака за „Вила Осоговска Куќа“ која се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина.


Фотографијата е преземена од @draganakrstevska која својот инста профил го користи за промоција на убавините во Македонија и надвор од неа. 
Ова вила е оддалечена 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква. Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква.

Вилата Осоговска Куќа има капацитет за околу 33 особи во 12 соби. Собите се 5 двокреветни, 5 трокреветни, и 2 четворокреветни, голема дневна со камин, трпезарија, комплетно опремена кујна, фурна, скара, вршник, веранда и дворно место од 2000 метри квадратни.

Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини.

Храната во вилата Осоговска Куќа се подготвува во ресторанскиот дел кој работи секој ден. 

Доколку сакате да резервирате, кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.