08.12.2024
Ексклузивно на Кајак.мк: Нова дрвена куќичка на Влаина планина
Ексклузивно на Кајак.мк: Нова дрвена куќичка на Влаина планина
Во базата на Кајак.мк пристигнува уште една уникат куќичка, сосема нов објект, пуштен во уптреба денеска!
Дрвената куќичка се наоѓа во регионот на Делчево, односно на самиот пат кон граничниот премин со Бугарија, кој регион мораме да истакнеме дека доста се развива туристички и каде веќе има многу сместувања кои можете да ги резервирате преку Кајак.мк.
| Доколку сакате да ја резервирате, кликнете ОВДЕ. |

Куќичката има две
одделчни спални соби и дневен престој од 45 метри квадратни. Едната спална соба
е со брачен кревет и еден единечен (во посебна просторија со врата за целосна
приватност), а во другата спална соба има два брачни кревети и еден единечен
кревет (во посебна просторија за целосна приватност).
Домаќините ги
дизајнираа вака спалните соби, како би можеле да им овозможат на две семејства пријатели
кои сакаат заедно да престојуваат.
Куќичката има комплетно опремена кујна со прибор, шпорет, фрижидер. Има Wi-FI, што ви овозможува да ја преселите вашата канцеларија во природа.

Самиот предел има
патеки за шетање во борова шума, на 6км е Делчево каде се наоѓа езеро Сандански
за риболовци, на 15км е планина Голак
и на 30 километри веќе е Благоевград
каде имате доста избор за шопинг.
Повеќе
информации, фотографии, како и опција за онлајн резервација можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.