13.09.2021
Хендикепот не ме спречи да бидам професионален пчелар
Хендикепот не ме спречи да бидам професионален пчелар
Дека во Македонија се уште има луѓе кои се посветуваат на здравиот
начин на исхрана раскажува приказната на Тито од село Псача кое се наоѓа во
околината на Ранковце.
Ова село е најпознато по значајниот средновековен Псачки манастир, кој е сместен во дабовата шума. Селото се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во северното подножје на Осоговските Планини. Псача било големо македонско село за време на османлиското владеење, а недалеку од селото има отцепено маало кое го нарекуваат „Чавдарско маало“, што на турски значи ‘рж.
foto:
Во ова маало живее
господинот Тито кој заедно со неговата сопруга Верка претставуваат едно од четирите семејства кои живат
овде.
Неговото маало се
наоѓа на 714 метри надморска височина, а како што вели тој, идеална висина за
одгледување пчели и производство на мед.
Тито е лице со инвалидитет. Поради сообраќајната незгода која ја имал во минатото, не е во можност да извршува работни обврски со неговата лева рака. Но како што вели тој, инвалидитетот не го спречил да се вложи во пчеларството и да изгради 80 сандаци со пчели од кои ќе произведува здрав и квалитетен мед за него и неговата фамилија.
Со пчеларство се
занимава цели 30 години, а помош добива и од неговата сопруга за која вели дека
е повеќе од професионален пчелар.
За Тито најважно од се е да произведе здрав мед со кој ќе се насладуваат неговите деца, внуци и блиски роднини. Локацијата на која се наоѓа пчеларникот му помага да произведе мед од багрем, костен, даб и ливадски мед.
Тој е претежно задоволен од неговата деликатна работа, но вели дека има и лоши години кога пчелите произведувале слаба количина мед. Најголемо влијание има климата која одредува дали годината ќе биде плодна или не.
Покрај медот, Тито вели дека честопати знае да извади прополис кој го користи за ублажување на ракијата, која е многу подобра за конзумација, а медените коцки ги сервира кога ќе го посетат неговите блиски.
Тој и неговата сопруга се заљубени во спокојот и мирот кои ги нуди селото Псача, а особено неговото отцепено горно маало за кое вели дека не би го заменил со никое друго на светот.
Тие се луѓе кои
не користат интернет и социјални мрежи. Уживаат во спокојот и убавината на природата,
а до неговата приказна стигнавме благодарение на Антоние кој го контактираше
тимот на Кајак.мк. Ваквите приказни заслужуваат внимание, затоа чувствувајте се
слободни да ги споделите приказните на луѓето кои прават мали нешта од огромно
значење за Македонија.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк
На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој
Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува
Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк
Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.