25.09.2020

Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не?

Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не?

Кајак.мк уште со еден еко предлог за едно дневна тура која можете овојпат од Скопје да си ја организирате со велосипед. Наш денешен прелог за патување е планината Китка која се наоѓа југоисточно од нашиот главен град.


Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок е истоимениот врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици.


Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата.


На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.


Овде се наоѓа панинарски дом, кој има куќарки каде може да се остане. Информации можете да добиете на: 075 328 746
Извор: Википедија
Photo: Ismet Surban


Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете? КЛИКНЕТЕ ОВДЕ



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.