10.09.2020
Во Македонија има село како Ботушје каде освен спојокот има и што да се прави
Во Македонија има село како Ботушје каде освен спојокот има и што да се прави
Многу од нашите читатели/патници не прашаа каде може да побегнат во Македонија “БЕЗ НИКОЈ ДА ГИ ВИДЕ“. За денеска ви го препорачуваме Долно Ботушје или Горно Ботушје (Ботуше) кое е село во западниот дел на Општина Македонски Брод, западна Македонија, на границата со Општина Гостивар. Овие фотографии ги направи Перица Савески.

Селото се наоѓа во областа Горно Порече, на источните падини на планината Добра Вода каде можете да најете мали речни водопади. Северната атарска граница ја исцртува Ботушка Река, десна притока на Мала Река, која пак е најголема лева притока на Треска.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.

Во XIX век Долно Ботушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.

Покрај печурките кои може да ги најдете никнати во околината на селата, пешачењето покрај реката, вие можете да ги посетите и двете верски објекти:
- „Св. Никола“ („Св. Јован“) — црква, изградена во 1915 г.
- „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир

ИНФО НА: 076 791 157 |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.
