14.07.2022

Дрвена скриена колибка со базен и опколена со шума

Дрвена скриена колибка со базен и опколена со шума

Веќе подолго време дрвената куќарка на нашиот домаќин Саше ги пишува своите спомени со гостите кои ја посетуваат. Домаќините на „Зердин Дуб“ имаат фантастични идеи за тоа како да им го исполнат времето на гостите со многу забава и активности.


За престојниот период вилата има монтажен базен кој им е достапен на гостите, а домаќините се овде да им направат уникатен појадок, ручек или вечера на отворено за своите гости. Самата вила има скара на отворено која може да се користи во текот на целата година, а она што е битно да го потенцираме е дворното место организирано за „Fire Pit“ седенки. Звучи симпатично, нели?


Многу од гостите кои престојувале овде ни раскажуваат дека Саше е вистински мајстор кога станува збор за приготвување храна. Ова значи дека сместувањето не е нуди само престој и базен, туку нуди и едно поинакво гастрономско искуство.


Околината е прекрасна. Вилата е опколена со густа шума. Таа се наоѓа во општина Ранковце, недалеку од Крива река и недалеку од локални селски куќи од каде може да се набават домашни производи за подготовка на специјалитети.


Околината во која што е Зердин Дуб е доста атрактивна за посета. Овде е Џемендере водопадот кој е на 2 километри од сместувањето, вулканот Стрковец (За кој ќе ви раскажеме збор два повеќе), старата црква Св. Никола која е на еден час пешачење од куќата. Што се однесува до гастрономското искуство во регионот овде е етно ресторанот Ранч кој е на 7 километри, Парк Гиновци рибник, а гостите имаат и опција за јавање коњи во околината.

Повеќе информации за резервации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.