16.05.2021
Вила во Пештани која го има најдобриот поглед кон летните зајдисонца
Вила во Пештани која го има најдобриот поглед кон летните зајдисонца
Многумина од вас со сигурност би потврдиле дека нема ништо
поубаво од летните зајдисонца. Секој патник би
посакал да престојува во вила која му овозможува уживање на својата тераса.
Денеска разговаравме со домаќинот Славе, чија вила подолго
време е дел од базата на Кајак.мк. Славе ни ги раскажува убавите моменти кои гостите ги споделуваат со него додека престојуваат во вилата „Forest Paradise“. 
Вилата се наоѓа на највисоката точка во Пештани, а тоа само по
себе носи уникатен поглед кон Охридското Езеро и планината Галичица.
Ова уникатна вила има доста интересен ентериер каде рустилакното
е испреплетено со модерното. Оддалечена е 100 метри или 2 минути пешачење од
плажа. 
Таа има огромна зелена градина која може гостите да ја користат за уживање. Располага со 4 големи тераси со поглед кон езерото и планината Галичица, а исто така има и затворена тераса со камин во рустичен стил за едно поинакво доживување.

Пештани има одлична географска положба. Се наоѓа помеѓу Охрид и Св. Наум. Во близина на вилата е музејот на вода „Заливот на коските" кој е оддалечен 4 километри од Пештани. Секако тука е и националниот парк Галичица. Ова, како што вели домаќинот Славе, ви дава одлична можност да го искористите вашиот одмор активно.

Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, цени, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.