12.02.2021
Успеавме и го скршивме мразот: Имавме одличен активен викед!
Успеавме и го скршивме мразот: Имавме одличен активен викед!
Снегот не ги
плаши велосипедистите во Македонија да ја реализираат својата замислена агенда.
Јорданчо Цветановски и Коста Шимбов реализираа уште една дводневна велосипедско-
планинарска тура од Скопје преку Попова Шапка па се до Титов врв.
Дека Македонија
е прекрасна туристичка дестинација, говорат фотографиите кои се направени на турата.
Нивната тура како и обично започнува од Скоје, од каде со велосипедите тргнуваат кон скијачкиот центар Попова Шапка. На Попова Шапка ноќеваат во ресторанот Конак, а веќе наредниот ден тргнуваат во одлична авантура.

Неделата наутрото по зимската патека тргнуваат кон Титов врв, а на турата им се приклучува и Благоја, кој е исто така голем љубител на планинарењето. Поради пријатното време, сметале дека немаат потреба за дерези, вели Јорданчо и очекувале добри услови за планинарење.

Но игнорирајќи го она што веќе на сите нам во Македонија ни е сосема јасно, дека планината го менува своето „расположение“ на секои половина час, започнал ветерот да им се придружува.

„Забавата“ на
почетокот била со 40 километри на час, па 50 и пред самиот врв да достигне
ветер и до 70 километри на час. 
Со самото искачување на врвот, успеале да влезат во кулата на Титов Врв, каде прават 40 минути пауза за кафе и оброк, а во меѓувреме Благоја со специјален апарат за мерење на брзината на ветерот забележал дека надвор дува со 76 километри на час.

За враќање назад, дрезгите им биле задолжителни.

Враќањето назад
било доста претпазливо. Облечени како космонаути и со внимателно газење се
спуштале кон Попова Шапка. Ветерот ги придружувал се до Попова Шапка од каде се
качуваат на своите велосипеди и се враќат назад кон Скопје. 
Стојанче вели
дека имале и многу поинтересни патешествија, но ова е негово прво искуство на
Титов врв во вакви зимски услови.
За еден викенд
тие со велосипедот поминале 130 километри со 1800 метри елевација.
Додека
планинарењето е измерено со 22 километри и 2000 метри елевација.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.