15.01.2022
Животната пасија ми даде шанса да подготвувам скара на 1600 мнв
Животната пасија ми даде шанса да подготвувам скара на 1600 мнв
Кога ќе се соединат храната, планината и авантурата се добива една уникатна смеса, која за некои луѓе е вистинскиот рецепт за успешна бизнис приказна. Користејќи ги овие соединенија скопјанецот Јоцо секојдневно храни стотици скијачи на ски ценарот „Маврово“, каде од утро до вечер подготвува разни бургери со чисто телешко месо.

На нашите патувачи кои редовно ги следат препораките од Кајак.мк, сигурно им е добро позната „Jojo’s BBQ“ приказната. Без разлика дали сте го посетиле Маврово на лето или преку зима, мирисот на плескавицата е секогаш присутен на бачилата.

За Кајак.мк приказната за Jojo’s BBQ е симпатична од повеќе аспекти. Пред се, среќни сме што во Македонија постојат вакви авантуристи кои ја секојдневно ја загреваат скарата на 1600 метри надморска височина, а од друга страна, драго ни е што неговата приказна го промовира туризмот на Маврово и шири позитива кај скијачите кои го посетуваат. Затоа Јоцо од денеска е нашиот нов локален херој кој прави мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Јоцо вели дека зад успешната приказна на „Јоjo’s BBQ“ стои една голема банда, а кои главни улоги ги имаат Јојо и Борла-Манот. Се започнало да се развива спонано. Љубовта кон готвењето го поттикнала да подготвува разни специјалитети кои обожава да ги јаде додека е на планина. Но, за Јоцо, главниот пресврт се случил минатата година на „Старо Бачило“ каде добил огромна поддршка од свои блиски пријатели кои му помогнале со дизајнирање на лого и промоција.

Можеби приказната не би била успешна ако Јоцо не бил заљубен во планините. Неговото минато е поврзано со планините. Тој вели дека со години е активен планинар, а ги има искачено скоро сите врвови во Македонија и доста актрактивни врвови во Европа.

„Планината ме
научи на многу работи во животот и ми беше една од главните инспирации за оваа
што го работам денес. Направивме добар спој од хоби, храна и другарување“, вели
Јоцо.
Менито на Jojo’s BBQ е кратко ама слатко. Овде се неколку различни бургери и хот-дог, но вели дека секогаш има простор за надоградување и проширување со нов инспиративна храна.

За него најважно од се е место да биде 100% телешко, здраво и чисто, додека се останато се базира на тоа колку љубов ќе се вметне во храната. Денеска соработува со SkiHuts и Ресорт Маврово и вели дека благодарение на добрата логистика се функционира во најдобар ред.

Јоцо е човек кој
сака со овој проект да понуди нешто поразлично во Македонија. Честопати се
случува да ја промени локацијата и да биде присутен на „поп-ап“ настани. Затоа,
тимот на Кајак.мк одлучи неговата приказна да биде дел од нашата база на
„Гастрономија“ каде ќе може да стапите во контакт со него.
За контактирање посетете
ја „Гастромонија“ или кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.