12.12.2022
Ја основавме семејната винарија во чест на нашиот татко
Ја основавме семејната винарија во чест на нашиот татко
На платформата на Кајак.мк отсекогаш владееле приказните кои ќе ве поттикнат и мотивираат да продолжете по патот кон остварување на вашите животни соништа. Никој не би рекол дека работите во Македонија стојат лесно и дека некому му е потребна среќа за да успее во онаа кое го има замислено. Тоа се ретки луѓе, а ние како млад тим одлучивме да им ја дадеме сета поддршка на оние другите, кои немале шанса да се испромовираат и да докажат дека во Македонија има мали локалци кои прават големи работи за развој на туризмот.

Денеска имаме една доста драга приказна, од доста драги луѓе кои овојпат доаѓаат од Охрид. Ако има некои кои му пркосат на фактот дека доброто вино се произведува исклучиво во Тиквешкиот регион, тоа би била винаријата „Стојан и Синови“ кои веќе една година имаат свој печат на охридска мала семејна винарија која вложува сѐ во задоволувањето на апетитот кај гостите и конзуматорите.

Тимот на Кајак.мк разговараше со Ванчо кој заедно со својот брат Николче Шутароски ја основаат винаријата „Стојан и Синови“ во чест на нивниот татко Стојан. Винаријата добива печат во 2022 година, како официјално регистрирана мала семејна винарија. Ванчо во тимот го додава и братчед му Бошко Героски кој е постојано со нив со сета поддршка во делот на маркетингот и дизајните.
Винаријата е лоцирана
во непосредна близина на пештерската црква св.Еразмо со поглед кон синилото на
охридското езерото и белите врвови на
Јабланица живее интересна приказна за виното која сакаат тие двајцата да ја споделат со сите добронамерници и позитиви на
денешното живеење. Отворија
нова страница на одамна пишаната историја на
припекот на Чекоштинското сонце. Ванчо и Николче Шутароски се протагонисти кои ќе Ве водат во новото
винско искуство. Наследници на Стојан, причината за винските дружби. Ванчо како
дипломиран менаџер по царина и шпедиција, а Николче како доктор по
стоматологија, заедно почнуваат
да го живеат долгогодишниот вински сон.

Семејно производство е наследено од нивнит
дедо, усовршено од нивниот
татко и со нивна посветеност
кон зачувувањето на семејните вредности искажани преку виното.
Како новорегистрирана винарија се соочуваат со сите предизвици со кои се редовна појава кај сите млади
винари, но веруваат во тоа дека
месноста и лозовите насади во ,,Чекоштина,, а воедно и најквалитетното охридско
вино ќе излезат на виделина и ќе бидат уште еден знак на распознавање на Охрид.

Ванчо ни раскажа за почетоците на винаријата, за нивните стремежи и нивното вино кое можете да го купите во секој момент од нашата бакалница, или со еден клик ОВДЕ.

Винаријата Стојан и Синови е резултат на семејната традиција која ја оддржува нивниот татко. Интересен е фактот за винаријата (сигурно би им било од значење на оние кои ќе купат вино) дека сите вина кои ги произведува винаријата се од нивни лозови насади, онаму каде што се наоѓа самата винарија.

Денеска тие
поседуваат лозов насад со површина од 2500м2 од сортите вранец
,пропупец ,охридско црно, ризлинг, темјаника и охридско бело. Овој регион дава услови за зреење на
грозјето во суви и топли лета и благи зими, со просечно количество на врнежи.
Уникатноста и префинетоста на виното
не се должи само на квалитетна суровина, туку и на количината љубов како состојка која е дел од процесот
на производство. Целта кон која се стремат е оддржување
на континуиран квалитет на семејното произвоство.

Процесот на производство е во иноксни буриња, а годинава
имаат 5000 шишиња, а продаваат и ракија која е комбинација со магарешки трн,
жалфија и мајчина душица.
Ванчо вели дека имаат планови за иднина, но пред се е зачувувањето на земејните вредности и квалитетниот живот.
Во Семејната Винарија “С и С” може да се најдат сите артефакти и алати кои служеле за обработка на виновата лоза и производство на вино и ракија, а кои се употребувале од страна на семејството со децении наназад.

Тимот на Кајак.мк ве советува да и дадете поддршка на
винаријата „Стојан и Синови“. Купете од нивните вина и подарете им на вашите најблиски
за престојните празници. Само така ќе направите среќни да бидат и винарите,
вашите пријатели, а ќе му дадете поддршка и на концептот кој го развива Кајак.мк.
Виното можете да го погледнете и купите со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.