30.07.2023
Уште еден ресторан во Маврово отворен за уживање
Уште еден ресторан во Маврово отворен за уживање
Тимот на Кајак.мк месец август ќе го посвети на кампањата „Од плажа дирекно на планина“ бидејќи повеќето од вас ќе бидете вратени од вашите годишни одмори кои често ги поминувате на плажа, а ќе барате нови планински викенд дестинации каде би можеле да ги избегнете сите горештини кои дефинитивно ќе се задржат и во месеците кои ни престојат.

Денеска ве водиме во Маврово, дестинација која ќе биде актуелна по месец септември, но нашата мисија е да ви докажеме дека во Маврово можете да имате супер активен викенд исполнет со многу авантура и во текот на летниот период. Од разни активности како што се возење велосипед, АТВ мотори, јавање коњи, па се до ресторани и кафулиња кои работат во текот на цела година.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Longe Bar&Restaurant Mavrovo кој е нов отворен објект во срцето на туристичката населба.

Ресторанот нуди
прекрасен поглед кон езерото, а овде можете да уживате во разните специјалитети
кои се подготвуваат. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот ние ви
предлагаме да вкусите шарска плескавица со кајмак, селско месо и телешки специјалитети.
Точната локација,
како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.