16.07.2023
Нова предлог гастро дестинација на мирна локација опколена со многу зеленило
Нова предлог гастро дестинација на мирна локација опколена со многу зеленило
Тимот на Кајак.мк има цел да ве запознае со сите уникатни локални гастро дестинации кои вреди да ги посетите. Моментот кога ќе помислите дека сте ги дознале сите места во Македонија кои вреди да се посетат, баш тогаш ние ќе ве запознаеме со нова дестинација која ја храни туристичката мапа на Македонија.

Денеска ве водиме
во тетовскиот регион, односно во село Јегуновце каде разговаравме со домаќините
на „Ресторанот Кула“ кој од денеска можете да го најдете во нашата база или со
еден клик ОВДЕ.
Гостопримливоста и културната комуникација на домаќините на ресторанот ни остави голем впечаток, што за нас е правилниот начин на кој треба да се дејствува кога сакаме да развиваме туризам.

Домаќините ни раскажаа дека ресторанот нема долга историја и минато, бидејќи истиот е отворен минатиот месец јуни, но пак велат дека почетокот на приказната започнал добро и се надеваат дека така ќе продолжи и во иднина. Она што е уникатно за ресторанот е фактот кој вели дека дрвото кое се користело за оградата на балконот е дрво старо скоро 100 години и е од околните стари селски куќи.

Ресторанот се наоѓа во околината на селото Јегуновце, недалеку од реката Вардар која е една од причините за бујната вегетација во регионот. Со прекрасен двор и можност за уживање под отворено небо или пак во затворениот простор, новата гастро дестинација ви овозможува да вкусите разновидна традиционална храна. Почнувајќи од салати, специјалитети од месо, локални закуски и макала, па се до италијанска кујна која опфаќа пици и разни специјалитети од паста.

Рестроанот има
капацитет за околу 300 гости, а отворениот дел има простор за околу 200 гости.
Повеќе
фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.