26.10.2020
Дојде есен на Маврово: Што да се јаде и каде да се седне?
Дојде есен на Маврово: Што да се јаде и каде да се седне?
Денеска спомнавме за есенските убавини на Галичник. Но, патувајќи натаму ќе поминете низ Маврово и ќе си кажете, еј од Кајак.мк не ни кажаа дека на Маврово е исто така многу убаво. Затоа, за да се “извадиме“ од цела ситуација успеавме да добиеме фотографија од дрон направена од Дарко Данилов, долгодишен експерт за дронови во Македонија. Човекот позади кој стојат многу успешни приказни. Дарко ни споделува две фотографии кои се надеваме дека ќе ве остават без зборови. 

Бидејќи времето е малку посвежо, па преку ден е солидно за пешачење или џогирање (доколку имате престој на Маврово па можете да се истуширате), но одлично е и за седенка во некоја од локалите ресотрани или кафеани. Според оценките на TripAdvisor, ова се петте најдобри места за храна на Маврово и целиот регион.
На прво место е „Гламур. Странските туристи препорачуваат сирење на скара, колбаси, пира со спанаќ и сад со дивеч. 
На второ место е „Мавровски мерак“. Исто така и овде туристите препорачуваат бело сирење на скара, колбаси, тава, најдобриот качамак, а како десерт туфахија. 
На трето место се наоѓа Хотелот Тутто кој е подалеку од Маврово, а за кое место Кајак пишуваше пред некое време. За тие кои немаат прочитано за Тутто, тоа ќе може да го сторат со еден клик ОВДЕ. 
На четврто место се наоѓа Мал Одмор. Ова место е преферирано од луѓе кои се на поминување и брзаат. Странските туристи препорачуваат ручекот со свежи салати, скара од дивеч, колбаси, ребра, плескавици. 
На петтото место се наоѓа „Куќата на Мијаците“ за кое место многумина од домашните туристи ја пофалија храната. За ова место пишуваше Кајак, а може да прочитате со еден клик ОВДЕ.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.