25.01.2024
Нашите ракии ги произведуваме од одбрани сорти грозје и со многу љубов
Нашите ракии ги произведуваме од одбрани сорти грозје и со многу љубов
Пред самиот почеток на викендот, тимот на кајак.мк сака
да ве запознае со семејството Ристиќ од село Тимјаник, Неготинско. Горди
сопственици на регистрирана дестилерија Слоган, која се наоѓа во атарот на
селото.
Повардарие со одлична географска местоположба за нивните
лозови насади кои се простираат на 30000 метри квадратни. “Одбрани сорти на
грозје, кои со многу љубов ги преточуваме во нашите ракии” – велат
сопствениците.

Семејството Ристиќ, вредно и макотрпно работејќи на своите лозови насади произведуваат квалитетни домашни производи. Потврда за квалитетот се и освоените сребрени медали на саемот: WineVision by Open Balkan во Белград.

После напорен ден, тие ни препорачуваат чашка лозова ракија или мастика. Внимателно одбрани сорти на грозје, со двојна дестилација на вински дестилат, со природни состојки како додаток се соврешен спој на чашка традиционален македонски пијалок.

За повеќе информации околу производите и нарачки можете да ја посетите нашата бакалница со еден клик ОВДЕ.

Ни беше задоволство што запознавме едно прекрасно семејство кое негува македонски традиционални пијалаци и се стреми кон нивна промоција и надвор од границите на Македонија. Ви посакуваме уште многу здравици со чашка лозова ракија или мастика. Како што би рекле сопствениците: “На здравје”.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.