27.11.2021

Планинска куќа со поглед кон Бистра достапна за резервации

Планинска куќа со поглед кон Бистра достапна за резервации

Идеално време да го посетиме регионот на Ростуше и Маврово. Тимот на Кајак.мк ве советува да внимавате на патот и да поседувате задолжителна зимска опрема земајќи предвид временските услови и доаѓањето на зимата.

Регионот на село Жировница за многумина од вас е слаба страна. Би се согласиле на фактот дека многу мал процент од нас сме запознаени со тоа што го нуди регионот и што може да се посети во околината.


За да ве поттикнеме да размислувате за тоа дали вреди да ја истражете ова област, одлучивме да додадеме уште еден уникатен планинарски дом кој се наоѓа недалеку од селото Жировница, кое  заедно со Болетин, е на самата граница помеѓу мијачките села и Горна Река.

Селото се наоѓа од десната страна на реката Радика, а на источните падини помеѓу планините Кораб и Дешат. Селото е планинско, што е примамливо за луѓето љубители на планината и активниот туризам.


Домот во околината на Жировница кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк е на надморска височина од околу 950 метри.

Ние го запознавме домаќинот Даут, кој со свои раце го изградил овој сместувачки капацитет. Надворешната страна е од дрво и камен, а внатрешниот ентериер е претежно од дрво што ви го нуди прекрасното планинско чувство.


Погледнот од домот е вперен кон планината Бистра, а она што го прави ова место идеало за престој е фактот дека е оддалечен околу 700 метри од селото и нуди приватност и тишина.


Во околината на домот може да се најдат доста маркирани планински патеки, а исто така има и велосипедска планинска патека. На околу 6 километри од домот се наоѓа манастирот Св. Јоаким Бигорски, а во самиот регион се наоѓаат и доста мијачки села кои се идеални за посета во пролетниот и летен период од годината.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, контакт и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.