30.07.2020

Оваа фотографија не е во Швајцарија, ова е Берово

Оваа фотографија не е во Швајцарија, ова е Берово

Во Македонија може да направите навистина убави фотографии доколку ја сакате природата и знаете како да уживате. Доказ дека нештата кај нас не се претставени на вистински начин е младиот проект my_caping_adventures, кој во изминатиот период со преку својот комби-караван успеа да ја добрата страна на кампувањето. Тие беа во посета на беровскиот регион каде што се направени одлични фотографии. Денеска разговатавме со нив.


КАЈАК: Здраво дечки. За многу краток период направивте #бум во нашата држава со нешто што е навистина ново и специфично, а реално на странските пазари кошта многу.Од каде идејата за ваков проект?

Ви благодариме на убавото интро. Уште од пред неколку години почнавме со планинарење и кампување, претежно со шатор, но тоа не беше доволно па така се разви и нашата желба и идеја да направиме нешто со коешто можеме повеќе денови да поминеме во природа и притоа да се чувствуваме удобно, одморено и релаксирано. Како викаат, 'кампингот не е потрошено време, туку инвестирано'.


KAJAK: Како започна сето ова? Која беше главната причина да се решите за нешто кое не е баш секојдневно кај нас?

Главната причина да се одлучиме на ваков чекор е тоа што нема поубаво нешто да поминеш квалитетно време во природа, да посетиш различни места и да се оддалечиш од секојдневието, а со помош на нашето комбе тоа може да си го дозволиме и на повеќе денови. Една од поголемите предности е и тоа што си 'слободен' и не зависиш од тоа дали ќе најдеш смештај на некое прекрасно место. Едноставно ќе отпатуваш таму, се паркираш и го имаш погледот од милион долари бесплатно. А плус кафе и убав поглед одат заедно.


KAJAK:Знаеме дека вашиот #караван е доста тазе, но сакаме да слушнеме од вас што сте посетиле до сега?

Бидејќи пред некое време завршивме со комбето, до сега со него бевме во Берово, место на кое има многу што да се види.
Прекрасната природа, езерото и чистиот воздух си го прават своето. Можете да видете на неколку од сликите дека и нашата Македонија има преубави места кои вредат да се посетат. За повеќе слики од местата кои што сме ги посетиле и ќе ги посетиме можете да ги видете на нашиот инстаграм профил @my_caping_adventures


Така да се надевам со ова ќе ја подигнеме свеста кај младите дека освен 'дремење' на интернет и по цел ден пиење кафе по кафулиња, постојат навистина многу поубави работи кои треба да се видат, а за кои е штета ако не се доживеат. Излезете од вашата комфорна зона.
 ПС: Не фрлајте ѓубре насекаде!!!


А дали знаете дека оваа плажа е во Македонија? Кликнете ОВДЕ за да прочитате повеќе за неа.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.