22.07.2020

Вера раскажува: Лесново: Од вулкан до рај!

Вера раскажува: Лесново: Од вулкан до рај!

Доколку патот ве однесе кон Источна Македонија, ви препорачувам да го посетите познатиот Лесновски Манастир. Лесново е познато и по своето геолошко минато. Селото се наоѓа во кратер на изгаснат вулкан.


Овде има игнимбрит, дацит, туфови. Овие несекојдневни ресурси се истражувани од многу познати геолози, како Јован Цвијиќ.


Овде се наоѓа и познатиот Илински Врв (1127м) од каде најверојатно избило лавата и и други вулкански материјали. Денеска е познато по својата пештерска црква Св. Илија. Од карпите на самиот врв се протега незаменлив поглед.


Во дел од пештерите кои се наоѓаат од десната и левата страна пред селото и ден денеска има вода.


Ајде да се вратиме на селото, овде има каде да направите пикник или да ручате во некоја од локалните кафеани додека вашите деца може да си играт на игралиштето кое се наоѓа на средината на селото непосредно до старото училиште кое е преуреден во етно музеј.


Моите патопизи кои ги пишувам за Кајак.мк можете да ги следите и преку инста на: hydrogirlstories.vera

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.