06.11.2020
Посетете го легендарниот авто музеј во кој може да престојувате
Посетете го легендарниот авто музеј во кој може да престојувате
Се уште размислувате каде да го поминете викендот? Не сакате шума, а не сакате ни езеро? Препорака за денеска од тимот на Кајак.мк е античкиот музеј „Филип“ кој содржи голема колекција на антички автомобили, вклучително: Simca Ariane from 1953, Opel Olympia, Ford Taunus, Pezo404, Plymouth Valiant, Moskvich, Opel Olympia, Volkswagen Buba, Citroen. 24 мотори стари шест децении во одлична состојба како што се BMW, DKW, NSU, MAKS итн.
Во овој музеј освен автомобилите се наоѓа и антикварцница и преурдени соби во стилот на старите турски, еврејски, македонски одаи. Во склоп на музејот се наоѓаат и соби во кои може да престојувате, а кои соби се уредени во стар етно македонски стил. 
Музејот „Филип“ се наоѓа во село Крклино кое е одалечено на само 5 км од Битола. Патоказите до самото место се доста уникатни.
Збирката на реткости „ФИЛИП“ која слободно може да се нарече Авто и Етно музеј. Опремен со приватен надворешен базен и двор со скара, климатизираниот апартман во Авто и етно музејот Филип во Крклино е оддалечен на само 7.5 км од центарот Битола.
Етно апартманот во кој може да се смести едно семејство има и балкон, дневен престој со софа, телевизор, WC со туш, кујна со микробранова и фрижидер, беслпатен WiFi и паркинг.
Освен сместувањето, можете да дегустирате и традиционална македонска храна, домашно вино и ракија. Во околината на село Крклино, може да се организираат најразлични активности вклучувајќи и велосипедизам.
- Повеќе информаци може да добиете на телефон: 047/286-666
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола
Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.