04.07.2020
Кајак интервју со Шијакоска: Македонија отсекогаш ме инспирирала за добри фотографии
Кајак интервју со Шијакоска: Македонија отсекогаш ме инспирирала за добри фотографии
Кајак.мк денеска разговараше со Александра Шијакоска. Девојката која во последните години е препознатлива по својата уникатност, а тоа можете да го процените на нејзиниот инстаграм профил: @aleksandrashijakoska
1. Гледаме дека сакаш да патуваш низ Македонија? Што најмногу те привлекува? Кое место?
Да, патувањето низ Македонија и откривањето нови места ме прави особено среќна. Сите сакаме нови фенси места на кои сите одат но не е лошо малку да го цениме тоа што го имаме тука. Најмногу ме привлекуваат фотогенични места поради мојата работа, иако во последно време се нешто сакам мирни и спокојни места, дури и почнав да ги посетувам атрактивните локации во работен ден затоа што за викенд има премногу луѓе. Исто ме привлекуваат и места каде што има животни, посебно коњи и на такви места одам најчесто.

2. Твојот стил на облекување е отсекогаш прилагоден според дестинацијата каде што патуваш, на што се должи тоа?
2. За стилот на патување малку е смешно. Секогаш одбирам нешто што ќе ми одговара за да направам добра фотографија, обично долг макси фустан, па носам реквизити, шешири и се тоа само за да направам dreamy фотка, иначе како и сите вас и јас патувам по тренерки, патики и нешто најкомотно.
3. Кој стил на облекување им го препрачуваш на девојките кои сакаат кампување во планина, на што да внимаваат?
3. Не можам да кажам дека кампувам често но сепак би препорачала да си носат нешто во кое ќе се чувствуваат убаво и пријатно, најкомотните патики и најшироките тренерки.

4. Омилена дестинација во Македонија?
4. Ги сакам сите дестинации низ Македонија, немам посебно омилена.
5. Езеро или река?
5. Езеро, затоа што погледот ми е подлабок, смирувачки.

6. Вино или ракија?
6. Да ме прашавте пред пет години ќе кажев и вино и ракија, сега можеби вода
7. Вегетаријанска храна или скара?
7. Ќе ми простат вегетаријанците, ама јадам скара, така што скара.
8.Лето или зима?
8. Лето, лето и засекогаш лето. Оваа недела мислам дека зборувам само за тоа колку е убаво летото, колку е се полесно во лето, колку сакам се што е поврзано со лето (ако ги исклучиме комарците), го сакам дури и летниот дожд. Може да се каже дека сум метеопат на некој начин па времето многу ми влијае на расположението. Не дека другите годишни времиња не ги сакам, сите си имаат своја убавина, ама лето си е лето.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.