30.10.2023

Тим билдинг во Галичник: Од галички џин до авантуристичка тура

Тим билдинг во Галичник: Од галички џин до авантуристичка тура

Галичник можете да го уживате од пролет па до крајот на есента, но под знак прашалник поради снегот и временските услови кои го зафаќаат овој предел. Според нас, идеален за посета на Галичник е летниот период бидејќи природата, воздухот и храната ќе ви овозможат да ги наполните вашите батерии и да се одморите во зелениот спокој на планината.


Нашиот тим имаше уште еден прекрасен викенд во Галичник каде што беше реализиран уште еден прекрасен тим-билдинг. Последните сочневи денови ги искористивме за да уживаме во ова прекрасно планинско место кое раскажува многу приказни од минатото.

Денот ни започна со кафе и атв тура во околината на Галичник, за потоа да продолжиме со дегустација на галички џин, нешто што е сосема ново во Македонија. Среќни сме што Кајак.мк е првиот организатор кој на своите групи им овозможил да го дегустираат вкусот на Галичник, а како платформа која ја промовира уникатноста на Македонија, гарантираме дека ваквите моменти кои ги промовираат сегашните локални херои ќе продолжат и во иднина.


Пред самата дегустација, реализиравме АТВ тура во околината на Галичник, а денот ни заврши со галично сирење, салата, ракија, домашни макала и вкусно месо. Македонија има прекрасни локации на кои може да се организира еднодневни тим-билдинг и друштвени патувања, а храна како што нуди нашата земја, не би можеле да најдете на друго место.

Повеќе фотографии од турата можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.